ФОТО | Не сме ја видела вака досега — Џенифер Лопез се расплака на матурата на синот Макс
Пејачката и актерка Џенифер Лопез направи пауза од својата прес-турнеја по повод филмот „Канцелариска романса“ (Office Romance) за да присуствува како горда мајка на матурирањето на своите близнаци – синот Марк и ќерката Ема.
Препорачано
Минатата недела, таа ги гледала Макс и Ема како ги земаат своите дипломи за средно образование и ги прават своите следни чекори во светот. Совладана од емотивниот и горд момент, Џенифер не можела да се воздржи, па заплакала. На фотографиите таа е снимена на матурата на Макс на 5 јуни. Џенифер среќно му се насмевнува на својот син додека позираат за неколку фотографии, пред да се расплака и да ги избрише солзи.
View this post on Instagram
Неодамна, во текот на гостувањето во „Џими Кимел во живо“, пејачката рече дека плаче веќе два месеца додека близнаците се подготвуваат да си заминат од дома, зборувајќи за матурата и запишувањето на студии на своите деца. Кога водителот ја спомена матурата на близнаците и нивното заминување од домот, таа низ солзи рече:
„Не зборувај за тоа, ќе се расплачам.“
Џенифер откри дека децата се одлучиле за различни факултети и додаде дека најважно ѝ е тие да бидат среќни и да го прават она што го сакаат.
„Тие ќе одат во различни училишта. Мислам, тоа е во ред. Сакам да бидат среќни. Да одат каде што сакаат, да прават што сакаат“, рече Џеј Ло во шоуто, додавајќи дека ќе ги пресели во студентски дом.
View this post on Instagram
Џенифер ги доби близнаците во 2008 година, во бракот со музичарот Марк Ентони. Двојката беше во врска од септември 2003 година, а се венчаа во јули наредната година. Се разделија по седум години брак.
Иако важи за една од најголемите светски музички и филмски ѕвезди, Џенифер Лопез повеќепати нагласила дека најважната улога во нејзиниот живот е улогата на мајка.
Џенифер Лопез откри дека два месеци плачела поради заминувањето на близнаците на факултет


