ВИДЕО | Од Лас Вегас до Виница — мајка и ќерка се преселија во Македонија, ги споделија впечатоците
Дека животот во големите светски метрополи не секогаш го нуди она што е најважно за едно безгрижно детство, доказ е едно прекрасно видео кое деновиве стана вирално на социјалните мрежи. Едно семејство ја заменило светската престолнина на забавата, Лас Вегас, со малото и мирно македонско гратче Виница, а нивната 11-годишна ќерка најдобро објаснува зошто оваа промена е вистински погодок.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во опуштен разговор на Инстаграм, мајката Инга Мцева (41) ја прашува својата ќерка како се навикнала на новата средина и која е најголемата разлика меѓу животот во САД и Македонија. Одговорот на девојчето е едноставен, но во исто време и моќен потсетник за вредностите што често ги земаме здраво за готово „слободата и безбедноста“.
На прашањето на мајката: „Која е разликата меѓу, Лас Вегас и Виница, ќерката одговори дека и се допаѓа тоа што во „Виница може едноставно слободно да се шета наоколу“.
View this post on Instagram
Малите нешта што значат слобода
За децата што растат во Америка, идејата сами да отидат до маалската продавница или пеш да се вратат од училиште е вистинска реткост поради безбедносни причини и начинот на живот. Но, во Виница, ова мало девојче ужива во секојдневието на своите врсници.
Мајката во видеото додава дека е пресреќна што нејзината ќерка може сама да ги извршува најосновните работи во текот на денот.
„Мислам дека е кул и тоа што можеш сама да отидеш во продавница и да си земеш грицки или да си купиш нешто. Сама одиш на училиште, ми се допаѓа што сама пешачиш и не мора јас да те носам и земам од училиште, туку едноставно сама одиш таму“, вели Инга.
Разговорот завршува со симпатичен и хумористичен тинејџерски коментар од ќерката, која низ смеа признава дека наместо преку главната капија на училиштето, таа претпочита „секој ден да се качува преку оградата“, уште еден доказ за независноста и детските палавштини кои го прават растењето тука незаборавно.
Ова вирално видео предизвика лавина од позитивни коментари. Многумина коментираат дека токму оваа безбедност, мирот и можноста децата да растат надвор, на улица со другарчиња, е најголемото богатство што Македонија сè уште им го нуди на семејствата.
„Само жалам што не сме сите на број“: Сопругата на Панчо со емотивна порака до синот на полуматурата


