„Само жалам што не сме сите на број“: Сопругата на Панчо со емотивна порака до синот на полуматурата
Завршувањето на основното образование е значајна пресвртница во животот на секое дете, а токму таков ден вчера прослави Андреја, синот на Владимир Блажев – Панчо и Маја Блажев.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По повод полуматурската вечер, Маја на социјалните мрежи сподели заедничка фотографија со својот син и му упати емотивна порака.
„Едно поглавје завршено, само жалам што не сме сите на број. Оној најбитниот ни фали, но животот продолжува сине, ти посакувам успеси на секое поле, ти посакувам да си жив и здрав, твојот успех е и мој“, напиша таа.
Во продолжение, таа му порача секогаш да остане насмеан, позитивен и човек со големо срце.
„Биди ми секогаш насмеан и позитивен, а пред сè човек со големо срце за секого, твојата добрина е одлика на нашето воспитување. Те сакам со цело срце, твоја мама“, стои во објавата.

Андреја од есен има желба да го продолжи своето образование во ДСУ Спортска академија, во паралелката за фудбал. Изборот на училиштето е во согласност со неговата љубов кон спортот, а неговиот татко во едно интервју своевремено откри дека синот активно тренира фудбал и покажува голем интерес за спортот.
ФОТО+ВИДЕО | Перо Антиќ го испрати синот на Панчо на полуматура: „Среќна матура лепотану“


