Јасна Апостолски Николов - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Јасна Апостолски Николов - Фото Слободен печат - Методи Здравев

МАМАВИЗИЈА | Јасна Апостолски Николов: Јас не успеав во мојата приказна со доењето, оттука тргнува желбата да им помагам на мајките

Во последните години им помогнала на бројни мајки за еден од најважните моменти за бебето – доењето. Тaa e двигател на консултантсвото за доење во Македонија. Јасна Апостолски Николов за првпат пред очите на јавноста ја раскажува својата лична мајчинска приказна.

Со радост ја поканивме во „Мамавизија“ , а таа пак со прекрасна реакција прифати да сподели и предизвици што ја направиле похрабра во мајчинството. Мајка е на тинејџерот Лука.

– Многу мајки не знаат, но јас не успеав со мојата доенечка приказна, Лука го доев само два месеци. Тогаш немаше кој да ми помогне, не бев доволно упорна, а и не знаев како. Оттука тргна мојата желба да им помогнам на мајките. Многу е важна психофизичката подготовка на жената уште во бременоста. Тоа го сфатив на своја кожа, затоа денес сум толку упорна – вели Апостолски Николов.

Доенечката приказна за современата мајка е предизвик на глобално ниво, многу земји низ светот, како што вели нашата соговорничка, успешно се борат преку различни едукации на медицинскиот персонал, обуки на трудници и мајки.

– Бројот на консултанти за доење е најголем во Америка. Инаку оваа професија започнува во 50-тите години на минатиот век. Консултантите за доење денес се дел од болниците како една важна алка во развојот на општеството. Еве и ние на Балканот се трудиме да бидеме во чекор, но тешко оди. Потребно е државата да застане зад овој прооблем, да се насочи кон едукација на медицинските сестри, да се стимулира интересот за професијата патронажна сестра, професија што ми се чини заборавена – вели Апостолски Николов, која додава дека интересот кај медицинскиот персонал за доедукација околу доењето постои.

Јасна Апостолски Николов - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Јасна Апостолски Николов – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Јасна ме спаси

Од една медицинска сестра со јасна и силна визија станува основач на школо за трудници и доење „Бебелогија“ и единствен меѓународен консултант за доење кај нас. Сертифициран едукатор за психофизичка подготовка на трудници. Мајките за неа ќе речат: „Јасна ме спаси. Да не беше Јасна, не знам што ќе правев“.

– Голем е бројот на трудници со коишто се одлучиле да ги посетат часовите. На годишно ниво имаме 400-450 трудници. Тоа се веќе преку 5.000 трудници со кои заеднички сме се бореле за нивната доенечка приказна. Многу сум им благодарна на сите за довербата и за убавите зборови кои неретко ги упатуваат за мене – вели таа.

Апостолски Николов станува мајка на 29 години. Предизвиците за мајчинството за неа започнуваат уште во првите недели од бременоста. Во „Мамавзиија“ го споделува моментот кога токму на денот на свадбата на нејзиниот брат ѝ се случило обилно крвавење. Со силни емоции раскажува за тоа колку ја променило мајчинството и на кој начин го расте синот.

Јасна Апостолски Николов - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Јасна Апостолски Николов – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Гледајте ја новата епизода на „Мамавизија“ вечерва со почеток во 20 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Водител и автор е Александра Вуксановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот