Фото: илустрација / pickpik.com

Дроновите ќе бидат забранети на Мундијалот, предвидени се казни и до 100.000 долари

Американските власти ги засилија безбедносните мерки во пресрет на почетокот на Светското првенство во фудбал и најавија нулта толеранција за дронови кои ќе летаат над или во близина на стадионите во 11-те градови домаќини.

За навивачите звукот на беспилотно летало над стадион може да изгледа само како обична непријатност, но безбедносните служби веќе со години ги сметаат овие летала за сериозна закана.

За време на 78 натпревари и придружните навивачки настани, воздушниот простор околу спортските објекти ќе биде под посебен режим на контрола, а американските власти порачаа дека секое беспилотно летало ќе биде третирано како потенцијална реална опасност.

Полицијата и федералните агенции ги проширија мерките што претходно ги применуваа за време на финалниот натпревар во американски фудбал и други големи спортски настани. Конгресот во декември им додели пошироки овластувања на државните и локалните безбедносни сили за преземање контрола врз беспилотни летала што претставуваат закана или доколку е неопходно, нивно соборување. Сепак, приоритет ќе биде нивно електронско онеспособување и безбедно приземјување.

Комесарката на њујоршката полиција, Џесика Тиш, предупреди дека војната во Украина станала практичен полигон за развој и тестирање на оваа технологија.

„Војната во Украина стана вистински полигон за тестирање на технологијата на беспилотните летала. Ако постои една закана поради која не можам мирно да спијам навечер, тогаш тоа се беспилотните летала“, изјави таа.

САД ќе воведе ограничувања на воздушниот простор околу стадионите, пракса што со години се применува и за натпреварите од Националната лига во американски фудбал и Професионалната бејзбол лига.

За прекршителите се предвидени казни до 100.000 долари, одземање на беспилотните летала и кривични пријави доколку летаат во радиус од пет километри од местото на одигрување на натпреварите. Сепак, властите предупредуваат дека ваквите санкции веројатно нема да бидат доволни за да одвратат решителен напаѓач.

Јапонските фудбалери се незадоволни поради условите на Мундијалот, го менуваат кампот

ВИДЕО | Фудбалерите на Узбекистан и Канаваро ги претресуваа како мигранти во Америка

Ноќта кога згаснаа соништата на Гана за мундијалско полуфинале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот