„Одмазда за соборувањето на хеликоптерот апачи“ — САД го нападнаа Иран
Америка започна напади врз Иран, кои администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги опишува како „напади во самоодбрана“, по инцидентот во кој беше соборен американски хеликоптер „апачи“ над Ормускиот Tеснец. објавија американските медиуми.
Препорачано
Во исто време, Трамп наведува дека САД и Иран се блиску до постигнување мировен договор.
Американската војска објави дека започнала „напади за самоодбрана“ против Иран, кои започнаа во 17 часот по источно време.
Во соопштението на Централната команда на САД се наведува дека тие биле извршени по наредба на Доналд Трамп како одговор на соборувањето на американскиот воен хеликоптер „апачи“.
„Мисијата е пропорционален одговор на неоправданата иранска агресија“, се додава во соопштението.
Иранските државни медиуми цитираа воени извори кои се закануваа со „решителен одговор“ ако САД го искористат падот на хеликоптерот како изговор за непријателства.
Трамп претходно го обвини Иран дека соборил американски хеликоптер „апачи“ во близина на Оман и рече дека САД „мора“ да одговорат.
Но, ирански воен извор рече дека во последните 24 часа не се извршени офанзивни воздушни операции во Ормускиот Теснец.
Американски хеликоптер „апачи“ се урна во близина на Ормускиот Теснец
Толку од примирјето на Блискиот Исток: Израел го нападна Иран, Техеран возврати со ракети


