Петрушевски: Со промовирање Бугари во Уставот не се става крај, туку се отвораат низа проблеми за Македонија
СДС мора да разбере дека со промовирање на идејата за Бугари во Устав не се става крај, туку само се отвораат низа на прашања и проблеми за Македонија, порача Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Препорачано
-Додека раководството на СДС и нивниот претседател Венко Филипче, познат како специјален пратеник на Бугарија во Македонија или народски кажано – слуга на официјална Софија, гледаат само да распродадат се македонско, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ мисли на граѓаните и секојдневно работи за подобар животен стандард. Колку за илустрација во таа насока се и активностите деновиве за привлекување на странски инвеститори – вели Петрушевски.
Тој додава дека Филипче и раководството на СДС се однесуваат целосно полтронски кон Бугарија и официјална Софија. Веројатно тоа го гледаат како единствен начин за доаѓање на власт.
-Но, актуелното државно раководство на прво место ја става сопствената држава Македонија, сопствениот јазик, идентитет и се што е македонско. Дека политиката која се води е во вистинска насока неделава покажаа и истражувања на јавното мислење. Високи 80 проценти се против вклучување на Бугарите во Уставот под диктат на официјална Софија. СДС мора да разбере дека со промовирање на идејата за Бугари во Устав не се става крај, туку само се отвораат низа на прашања и проблеми за Македонија – рече Петрушевски.
Според него, се додека СДС не се освести, само ќе тоне се подлабоко и е на добар пат да се уништат самите. ВМРО-ДПМНЕ се прави достоинствено, така ќе биде и со интеграцијата на Македонија во ЕУ.


