Излезе „Културен печат“ број 335 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 335, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (13-14.6.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
Препорачано
– интервју со Ванчо Полазаревски, добитник на наградата „Оливера Николова“: Пишувањето за деца претставува огромна привилегија
– разговор со бас-гитаристот Ѓоле Максимовски за албумот „Холимуд“: Да се фати моментот на инспирацијата
– заврши јубилејното 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, најдобра претстава во целина е „Страв и надеж“ на Македонскиот народен театар
– јубилејното 25. издание на ОФФест донесе звучни пораки за подобар свет
– успешно заврши премиерното издание на „Џез стрим фестивал“ (JAZZ STReam Festival) во Струмица
– македонското музичко издаваштво има потенцијал, но потребни му се поддршка, инфраструктура и видливост, е заклучокот на панел-дискусија во „Дајмонд мол“
– најновото дело „Понекогаш се враќаат“ на струшкиот писател и сликар Димитрие Дурацовски е роман за спомените и за осаменоста
– од печат излезе латиничната верзија на српското издание на специјалното издание на книгата „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ на Искра Чоловиќ и Свето Стаменов
– во издание на „ПНВ Публикации“ од Скопје, а со поддршка на Министерството за култура и Општина Охрид, од печат излегоа првите два тома од четиритомникот „Избрани дела“ од Славе Ѓорѓо Димоски
– драмското дело „Сина сенка“ од познатиот американски драматичар, режисер, актер и професор Брајан Рејнолдс доби македонски превод во издание на „Перун Артис“.



