Катар тајно преговарал со Иран за време на војната, пишува „Вашингтон пост“

Катар за време на војната водел тајни преговори со Иран, нудејќи помош за потресување на светските енергетски пазари, со цел Техеран за возврат да го поштеди неговото клучно гасно поле Рас Лафан, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на изјави на американски функционери.

Според извештајот, Иран не дал цврсто ветување дека нема да го нападне постројката што обезбедува една петтина од светскиот природен гас, но Катар верувал дека може да постигне премолчен договор.

Доха, наводно, понудила прекин на производството на гас, со што би ги разнишала глобалните енергетски пазари и би создала притисок врз Соединетите Американски Држави и Израел. Работата на постројката навистина била запрена на третиот ден од војната.

Пресретнати комуникации

Според американските функционери на кои се повикува весникот, ЦИА и високи функционери од администрацијата на Трамп знаеле за катарската понуда до Иран.

Информациите ги дознале откако, во рамки на американските надзорни операции, била пресретната комуникација меѓу иранските лидери.

Како што наведува „Вашингтон пост“, Иран во март сепак ја нападна постројката. Во нападот беа уништени делови од објектот и клучна инфраструктура што сочинува 20 отсто од неговото производство на течен гас, со што биле загрозени меѓународни договори вредни повеќе милијарди долари.

Трамп: Не знам дали слушнавте, ама денеска ја завршивме војната со Иран

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот