Софија Вергара / Фото: EPA

Софија Вергара во дилема за Светското првенство: „Семејството ми е големо, не знам кого да го земам со себе на натпреварите“

Актерката Софија Вергара со нетрпение го очекува Светското првенство, но признава дека се соочува со еден неочекуван проблем – како да одлучи кои членови од своето многубројно семејство ќе ги поведе на натпреварите.

Ѕвездата, која неодамна се појави и во реклама поврзана со Светското првенство, планира да навива за својата родна Колумбија и од дома и од трибините, но ограничениот број билети предизвикал вистинска семејна дилема.

„Има и добри и лоши страни. Ќе можам да гледам дел од натпреварите со нив и да го правиме она што секогаш го правиме кога сме заедно – да јадеме, да се дружиме и да уживаме како семејство. Но, проблемот е што не можам сите да ги поведам со мене на стадион“, изјави Вергара за „Парада“.

Педесет и тригодишната актерка откри дека сигурно ќе присуствува на првиот натпревар што ќе се игра на американско тло во Лос Анџелес, како и на големото финале на 19 јули во близина на Њујорк. Во меѓувреме планира да проследи уште неколку средби, што значи дека има само ограничен број билети за своите најблиски.

„Се водеше вистинска мала битка околу тоа кој заслужува да оди на Светското првенство. Но, сето тоа беше забавно“, призна таа низ смеа.

Шакира ѝ испратила порака

Возбудата кај Вергара е уште поголема бидејќи на финалето ќе настапи нејзината сонародничка и пријателка Шакира.

„Не сакам да се фалам со познанства, но токму вчера ми испрати порака“, откри актерката. „Ме праша дали ќе бидам во Лос Анџелес за време на натпреварите. Навистина сум возбудена бидејќи сум сигурна дека, како и секогаш, ќе приреди спектакуларен настап. И таа е многу возбудена. Ќе биде неверојатно.“

Вергара вели дека со нетрпение го очекува настапот на Шакира и дека нема намера да го пропушти.

Натпреварите како повод за важни разговори

За натпреварите што ќе ги следи од дома, актерката ветува добра храна, добра музика и многу семејна атмосфера.

„Кога сте заедно, тогаш најмногу уживате едни во други. Јадете, навивате, дебатирате, се жалите на судиските одлуки и сето тоа станува дел од забавата“, вели таа.

Вергара смета дека ваквите семејни собири се добра можност и за разговори за здравјето. Преку својата кампања „Детект д СОС“ таа ги охрабрува луѓето навреме да прават здравствени прегледи и да обрнат внимание на ризиците поврзани со висок крвен притисок и дијабетес.

„Тешко е со семејството да се разговара за здравјето, бидејќи никој не сака да слуша за тоа. Но понекогаш една реклама може да поттикне некого да се запраша дали треба да направи преглед и да се грижи повеќе за себе“, вели актерката.

На крајот, Вергара истакна дека Светското првенство има посебна моќ да ги обединува луѓето.

„Мислам дека ова ќе биде неверојатен месец за сите. Едвај чекам, бидејќи фудбалот ги зближува луѓето и токму затоа е толку посебен за нас“, порача таа.

Како песна стара 15 години стана неофицијална химна на Босна и Херцеговина пред Светското првенство?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот