Фото: Инстаграм/Вера Ванг

ФОТО | На 76 години изгледа неверојатно младешки — Вера Ванг се појави на настан и воодушеви со својот изглед

Американската модна дизајнерка Вера Ванг уште еднаш покажа дека годините за неа се само број. На само две недели пред својот 77. роденден, таа се појави на престижните награди „Фрејгранс фаундејшн“ во Њујорк, каде што нејзиниот изглед предизвика бројни реакции меѓу обожавателите и љубителите на модата.

Ванг, чие име со децении е поврзано со врвната мода, за оваа пригода избра впечатлива црна комбинација која ја истакна нејзината витка фигура. Таа носеше краток топ и долго здолниште со интересни детали во пределот на колковите, останувајќи верна на својот препознатлив минималистички, но смел стил.

Фотографиите од настанот брзо се проширија на социјалните мрежи, каде што многумина изразија восхит од нејзиниот младешки изглед. Коментарите главно беа насочени кон фактот дека дизајнерката на 76 години изгледа речиси непроменето.

Фото: Инстаграм/Вера Ванг

Вера Ванг и претходно зборувала за тајната на својот изглед, истакнувајќи дека не станува збор за посебен режим или чудотворен рецепт. Според неа, добрата генетика, квалитетниот сон, посветеноста на работата и животот без оптоварување со очекувањата на околината се најважните фактори.

На 27 јуни славната дизајнерка ќе наполни 77 години, а нејзиното последно појавување уште еднаш потврди дека стилот и самодовербата не познаваат возраст.

ФОТО | Вера Ванг го прослави својот 76. роденден: Познатата модна дизајнерка се надмина себеси со својот стајлинг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот