Џенифер Лопез на отворањето на 25-тиот Меѓународен латино филмски фестивал во Лос Анџелес на 27 мај 2026/Фото: Jennifer Bloc/Geisler-Fotopress, Geisler-Fotopress GmbH / Alamy / Profimedia

Џенифер Лопез брутално искрена: Би спиела со секој од овие актери – ги сакам токсичните врски

Џенифер Лопез гостувала во поткастот „Филмови со кои треба да те погребаат“ (Films To Be Buried With), кој го води нејзиниот колега Брет Голдштајн, со кого глуми во новиот филм „Канцелариска романса“ (Office Romance). Во искрениот разговор, 56-годишната ѕвезда зборувала за својата љубов кон филмските класици, периодот по разводот од Бен Афлек и зошто ја привлекуваат сложените и токсичните љубовни приказни.

Ја привлекуваат „темни“ и проблематични ликови

Зборувајќи за култниот филм „Вистинска романса“ (True Romance) од 1993 година, Лопез не го криела воодушевувањето од екипата и признала дека отсекогаш била склона кон потемни и понепредвидливи ликови. Филмот следи млад пар кој, откако ќе украде кокаин од сводник, завршува во бегство од мафијата.

– Во тој филм има толку многу „сомнителни“ ликови. Кристијан Слејтер, кој работи во продавница за плочи и има халуцинации од Елвис кој го глуми Вал Килмер… Патриша Аркет не можеше да биде подобра како проститутка со златно срце, преслатка е – рекла Лопез.

Таа продолжила да ги фали останатите од актерската екипа.

– А потоа ги имате Денис Хопер и Кристофер Вокен во една од најдобрите сцени помеѓу двајца актери некогаш снимени на филм, па Бред Пит како вечно напуштен лик, Џејмс Гандолфини, Гари Олдман…

Потоа смеејќи се додала: „Би спиела со кој било од нив, што многу зборува за мојата темна страна. Сите во тој филм беа проклето добри.“

Таа истакнала дека сите изведби биле исклучително силни и енергични, а особено била импресионирана од сцената помеѓу Патриша Аркет и Џејмс Гандолфини.

– Ми се допаѓа целата таа естетика, златни заби, дредови… Го обожавам тоа – заклучила таа.

Филмот што ѝ помогнал по разводот

Лопез се присетила и на тешкиот период по разводот од Бен Афлек, кој беше финализиран по поднесувањето барање за развод во август 2024 година. Пејачката и актерка, која ги има близнаците Макс и Ема со поранешниот сопруг Марк Ентони, открила дека еден филм ѝ помогнал да се справи со сопствените чувства.

Кога ја прашале кој филм ѝ го променил погледот кон животот, таа раскажала дека во текот на празниците, додека била болна, со татка си ја гледала бразилската биографска драма „Сè уште сум тука“ (I’m Still Here).

– Мојот татко Дејвид не е личност што седи и гледа филмови. Таа љубов кон филмовите ја наследив од мајка ми Гвадалупе – објаснила таа.

Филмот ја следи Јунис Паива, жена чиј сопруг политичар исчезнал во текот на бразилската воена диктатура.

– Поминував низ развод и многу размислував за моите деца. Целото семејство знаеше дека ми е тешко – се присетила таа.

Додека го гледале филмот, вели таа, нешто во неа се скршило.

– Одеднаш почнав да плачам. Сè ми се поврзано – односот со децата, моето искуство со мојот татко, сè низ што поминував.

Потоа таа опишала трогателен момент со својот татко.

– Се обидував тивко да плачам, но солзите само продолжуваа да ми течат по лицето. Тој се сврте кон мене, ме виде и ме праша што не е во ред. Му реков: „Татковците се толку важни.“ Ми пријде, ме фати за лицето и рече: „Те сакам. Отсекогаш сум те сакал.“ Во тој момент тоа ми го промени животот.

Лопез верува дека токму овој разговор ѝ помогнал да затвори едно болно поглавје во животот.

– Тој исцели дел од мене што требаше да биде излекуван за да можам да продолжам понатаму по тој период и одредени односи во својот живот. Тој филм ме промени и ми помогна да созреам – рекла таа.

Зошто ја привлекуваат токсични љубовни приказни?

Во текот на разговорот, таа се осврнала на филмот „Девет и пол недели“ (9½ Weeks), признавајќи дека отсекогаш ја привлекувало она што го нарекува „токсична, опсесивна љубов“.

– Ја обожавам љубовта што ја имаа и опсесијата што ја чувствуваа еден кон друг. Таа знаеше дека тоа е мрачно, лошо и мистериозно, но токму тоа беше привлечно и возбудливо, иако истовремено знаеше дека е нешто токсично – рекла таа за главните ликови во филмот.

Џеј Ло додала дека денес на ваквите врски се гледа поинаку отколку во 1980-тите.

– Денес веднаш би рекле: „Токсично! Ова е ужасно, погледнете што ѝ прави“. Луѓето би навивале за неа да избега од таква врска. Јас тогаш не размислував така. Го обожавав секој момент од тој филм – признала таа.

Како целосна спротивност на тоа, таа го издвоила крајот на филмот „Бележникот“ (The Notebook), кој го смета за еден од најромантичните филмски завршетоци.

– Нема ништо поромантично од тоа. Тоа е она што сите го сакаат – да имаш таква поврзаност со некого и да сакаш толку длабоко што не можеш да си го замислиш животот без таа личност – рекла пејачката.

„Мојата најголема љубов допрва доаѓа“

Нејзините коментари доаѓаат само неколку дена откако се појави во „Watch What Happens Live with Andy Cohen“, каде што рече дека верува оти нејзината најголема љубов допрва треба да дојде.

Лопез и Афлек се венчаа во 2022 година, но две години подоцна нивниот брак заврши со развод.

Кога ја прашале дали верува дека нејзината следна голема љубов е сè уште пред неа, таа без сомнение одговорила: „Мислам дека да. Мојата најголема љубов е сто проценти пред мене. Воопшто не се сомневам во тоа.“

ВИДЕО | Џенифер Лопез за разводот од Бен Афлек: „Најдобрата работа што ми се случила“

 

По 8 јавни врски, 6 веридби, 4 бракови и безброј авантури, Џенифер Лопез призна: „Никој никогаш не ме сакал“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот