Елизабет Харли - Фото: Инстаграм/ elizabethhurley1

ФОТО | Елизабет Харли наполни 61 година и уште еднаш нè потести како изгледа во бикини

Британската актерка Елизабет Харли го прослави својот 61. роденден и тој повод објави фотографија на Инстаграм на која позира во жолто бикини, насмеана и со големо знаме во рацете, додека во позадина се гледа океанот.

Во описот на објавата таа сподели оптимистичка порака:

„Среќен ми роденден! Некогаш се плашев од стареење, мислев дека сè ќе стане помалку возбудливо и дека ќе бидам поуморна од светот… но среќна сум што можам да кажам дека е спротивно, само ако издржите и не се откажете. Го обожавам својот живот“, напиша таа.

Таа додаде дека се чувствува „навистина благословена и благодарна што е опкружена со најпрекрасните пријатели и семејство“, кои ѝ „го прават животот многу подобар“. Исто така им се заблагодари на своите обожаватели и следбеници за нивната лојалност и добрина, нагласувајќи дека годината досега била исполнета со многу случувања и дека со нетрпение очекува што следува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1)

Една од најпознатите британски актерки

Елизабет Харли е родена на 10 јуни 1965 година во Бејзингстоук, Англија. Светска слава стекна во текот на деведесеттите години, а е најпозната по улогата на Ванеса Кенсингтон во филмот „Остин Пауерс: Меѓународен човек на мистеријата“, како и по улогата во филмот „Заслепен“.

Покрај актерската кариера, Харли со децении беше едно од заштитните лица на козметичката компанија „Есте Лаудер“, со која соработува од 1995 година. Таа исто така го основа својот бренд за костими за капење „Елизабет Харли Бич“.

Во приватниот живот, Елизабет Харли беше во долгогодишна врска со актерот Хју Грант, а подоцна се омажи за индискиот бизнисмен Арун Најар, од кого се разведе во 2011 година. Таа има син Демијан Харли, кој се занимава со глума, моделинг и режија.

Харли денес важи за една од најпознатите британски актерки и модели која ја обележа популарната култура на деведесеттите и двеилјадитите години, а покрај глумата и модата, со години е активна и во кампањи за подигнување на свеста за рак на дојка.

ФОТО | На повидок нов скандал: Се појави досега невидена фотографија од Елизабет Харли во друштво на Гислејн Максвел и Џефри Епстин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот