„Никогаш нема да те напуштам“: Сопругата на Андреј од „ДНК“ сподели емотивна приказна за ќерката Јана
Емотивна приказна за ќерката Јана, сподели Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на трагично починатиот пејач Андреј од групата „ДНК“, кој загина во пожарот во Кочани на 16 март минатата година.
Препорачано
Наталија прослави роденден, а на нејзиниот инстаграм-профил објави фотографии од рачно изработени честитки со љубовни пораки од нејзината ќерка Јана и внуката.
На една од честитките, ќерката Јана ѝ напишала: „Те сакам многу, никогаш нема да те напуштам и секогаш ќе бидам со тебе“.
Во честитката од внуката, напишана со детски ракопис, стои: „Среќен роденден, да си жива и здрава, најдобар човек како тебе нема.“
На друга честитка, ќерката дополнително ѝ порачала: „Од Јана и од баба. Среќен роденден“.

Пораките покажуваат колку љубов и поддршка Наталија добива од семејството, во период по големата семејна загуба.
Таа во една прилика раскажа искрена приказна за својот сопруг и рече дека бил човек кој сакал силно, без задршка.
Ѓорѓиеска во февруари беше гостинка на хуманитарниот концерт со песни на групата „ДНК“ во Дизелдорф, Германија, посветен на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На концертот, во чест на „ДНК“, нивни песни пееја Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Елена Андоновска, Тина Русева и Сања Лефкова.
„Она што нѐ поврзува вечерва не е само музиката на ‘ДНК’, туку и нашата култура. Сите го знаат Андреј на сцена, но јас го знаев откако ќе се симнеше од неа. Тој беше човек што сакаше силно, без задршка. Човек кој веруваше дека љубовта се покажува со дела. Беше хуман без да зборува за тоа и искрено се грижеше за сите околу него“, рече сопругата на Андреј, пејачот на „ДНК“, кој беше омилен кај повеќе генерации.


