Хуманоиден робот/ Илустрација - Фото: pexels-igovar-igovar

Дали роботите се движат кон бојното поле?

Додека многу компании развиваат автономни хуманоидни роботи за фабрики, домови или како придружници, „Фондација Роботикс“ тврди дека е единствената американска фирма која ги развива специјално за широк спектар одбранбени намени, објави Би-би-си.

Ако отидете во индустрискиот простор во технолошки развиен дел од Сан Франциско, очекувајќи да видите застрашувачки хуманоиден робот-војник како изведува некаква борбена активност, засега тоа не се случува.

Таму ќе го сретнете „Фантом“, црн и безличен робот, кој, меѓу другото, ангажиран е во „слободна игра“ со куп шарени детски коцки.

„Потребни ни се податоци од неговата интеракција со околината… а ова е денешната задача“, објаснува Санкает Патак, коосновач и извршен директор на двегодишниот стартап „Фондација Роботикс“, кој го развива „Фантом“ за воени и цивилни намени.

Хуманоидниот робот може да турка и челично тело тешко 80 килограми низ просторија, со што ја покажува неговата стабилност и демонстрира како оди.

Неговите „одбрамбени намени“ вклучуваат како хуманоидниот робот да преземе и транспортира залихи, да оди на извидница, да извлекува опрема или повредени лица, но и да правиинспекција на опасни подрачја. Исто така и поконтроверзни задачи – учество во борба за ангажирање и неутрализирање закани, што Патак го нарекува „вооружување на првата линија“.

Според него, вооружувањето на роботите би можело да ги држи човечките војници подалеку од опасност. Тие би можеле да влегуваат и пребаруваат згради, каде тесните премини често се смртоносни.

Исто така, би можеле да ја намалат колатералната штета. Патак вели дека автономните копнени системи можат да бидат попрецизни од автономните воздушни напади врз цели.

Сето тоа засега е дел од иднината на „Фантом“.

Од прва до втора генерација хуманоидни роботи

Првата генерација на компанијата, „Фантом МК-1“, нема батерија, не е отпорна на прашина и вода и не може сама да стане ако падне.

Неговите раце – кои и понатаму претставуваат голем предизвик во роботиката – немаат доволно сила и прецизност, а сè уште нема ни вистински зглобови на дланките.

Втората генерација моментално се развива во друг, недостапен дел од објектот на компанијата.

Патак вели дека „Фантом МК-2“ ќе биде отпорен на временски услови, ќе има голема батерија што ќе обезбедува околу шест часа работа и ќе може сам да се исправи по пад, како и да издржи поголеми удари и оптоварувања.

„Подобрите раце се од клучно значење. Следната генерација ќе може да се движи на многу повеќе начини, со зглобови што ќе му овозможат и ракување со оружје“, вели Патак.

Целта на компанијата е до крајот на 2027 година да произведува најмалку 40.000 единици годишно, а долгорочно цената на секој робот да биде под 20.000 долари (околу 15.000 фунти).

По стапките на Кина

Патак смета дека Кина активно ја развива оваа технологија и дека Западот мора да го следи темпото.

ВИДЕО | Иднината на земјоделството — хуманоидни роботи работат на кинески плантажи за чај

Тој замислува стотици илјади хуманоидни роботи управувани од вештачка интелигенција кои би формирале копнени сили, слично на сè поголемата употреба на автономни дронови во воздухот. Според него, флота од роботизирани војници би можела да претставува силен фактор за одвраќање од конфликти.

„Фондација Роботикс“ има договори за истражување во вредност од 24 милиони долари (18 милиони фунти) за тестирање на својата технологија со американската војска, како и две единици кои моментално ги тестира украинската армија.

Патак вели дека американската војска засега ги тестира роботите само за ракување со предмети, а не за употреба на оружје, додека вооружувањето е дел од тестирањата во Украина.

Армија со роботизирани војници?

Но, дали хуманоидните роботизирани војници навистина се она што ѝ е потребно на армијата, колку е тешко да се изградат и какви етички прашања отвораат?, пишува Гардијан.

„Армијата очигледно е заинтересирана“, вели Дин Фанкаузер од „Робозапс“, консултантска фирма за хуманоидна роботика која управува со пазар за комерцијални роботски системи.

Тој посочува на актуелен конкурс на американската армија за хуманоидни роботи кои во иднина би можеле да им помагаат на војниците во широк спектар задачи.

Роботите и вештачката интелигенција

„Фантом“ е управуван од систем за вештачка интелигенција наречен „Кортекс“, а нова верзија веќе е во развој.

Идејата е „Фантом“ да добие цел – на пример, пренесување залихи или мапирање на внатрешноста на зграда – врз основа на задача за која претходно бил обучен преку демонстрации со видеа, фотографии и текст.

Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, е на настан организиран од Меланија Трамп во Вашингтон

Потоа, тој се движи низ околината користејќи камери во кацигата кои овозможуваат преглед од 360 степени, што му овозможува на системот за вештачка интелигенција да ја процени околината и да ги приспособи движењата.

Според Патак, во „Кортекс“ заедно работат два вида модели на вештачка интелигенција.

„Модел за расудување“, обучен со примери поврзани со конкретни задачи, ја толкува целта и го формулира планот на дејствување на „Фантом“.

Потоа и поширок „модел на светот“, обучен со интернет-видеа и податоци собрани од интеракциите на роботот со физичкиот свет – вклучително и неговата „слободна игра“ со коцките – предвидува како ќе реагира околината, помагајќи му на „Фантом“ безбедно да се движи и да ги извршува зададените активности.

Србија од јуни ќе произведува хуманоидни роботи

Етика, па потоа војна

Во меѓувреме, етичките грижи стануваат сè поизразени.

„Смртоносните автономни оружја, без оглед на нивната форма, го намалуваат прагот за започнување војна, го дехуманизираат конфликтот и ја замаглуваат одговорноста, вели Никол ван Ројијен“, извршна директорка на глобалната коалиција на невладини организации „Стоп за роботите-убијци“.

Но, таа смета дека хуманоидната форма е „особено загрижувачка“.

Машините што наликуваат на луѓе можат да изгледаат познато и доверливо како што се шири нивната цивилна употреба, што го зголемува ризикот луѓето погрешно да ја проценат опасноста што ја претставуваат.

Според неа, одговорот на сегашната технолошка трка во вооружување е воспоставување меѓународни правила, што ќе придонесат таа да не ескалира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот