Нетанјаху ќе бара реизбор, соопшти неговата партија откако Трамп го нарече „премиер само за време на војна“
Владејачката партија Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес соопшти дека тој ќе биде кандидат на претстојните избори во Израел, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп го доведе во прашање неговото повторно избирање, пренесува Анадолу.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Премиерот Нетанјаху ќе се кандидира на следните избори — и, се надеваме, ќе победи“, соопшти партијата на социјалната мрежа Х.
За време на интервјуто за „Еј-би-си њуз“ со новинарот Џонатан Карл, Трамп изрази сомнеж дали Нетанјаху има намера да остане на функцијата по војната со Иран.
„Не знам, тој имаше неверојатна кариера. Дали сака да продолжи? Бидејќи, знаете, тој е премиер за време на војна. Ние многу брзо ќе ја добиеме војната на еден или друг начин, а знаете дека тој е премиер за време на војна“, рече Трамп.
Резултатите од последната анкета спроведена од Израелскиот институт за демократија (ИДИ) покажаа дека 61 процент од Израелците веруваат дека Нетанјаху не треба да се кандидира за реизбор.
Анкетата, исто така, покажува дека 61 процент од Израелците го поддржуваат воведувањето законско ограничување на максимум два мандати за премиерите по Нетанјаху.
Нетанјаху, премиерот со најдолг стаж во Израел, е на власт речиси континуирано од 2009 година.
Анкетите не му одат во прилог: Израелците не сакаат Нетанјаху пак да се кандидира


