Фото: ЕПА

Бомба пукна во кола, убиен е шефот за снабдување со муниција на руската армија

Рускиот шеф задолжен за снабдување со муниција вчера беше убиен од бомба во неговиот автомобил, додека истовремено украински дронови погодија руска нафтена рафинерија на околу 800 километри од границата, објави „Гардијан“.

Дамир Давидов, раководител на ракетно-артилериската управа на руското Министерство за одбрана, загина во експлозија која се случила додека управувал со автомобил „БМВ Х3“ во градот Балашиха, во близина на руската престолнина.

Бомбата била скриена под возачкото седиште, според медумските извештаи.

Очевидци изјавиле дека Давидов починал пред да пристигне итната медицинска помош.

Медиумите наведуваат дека властите подоцна откриле уште една бомба во друг автомобил во југозападниот дел на Москва, која била контролирано детонирана.

Од почетокот на војната, неколку високи функционери поврзани со руските воени операции беа цел на атентати, за кои украинските безбедносни служби понекогаш преземаа одговорност, а во други случаи беа обвинувани од руските власти.

Украински напади врз неколку руски градови

Во меѓувреме, украински дронови погодиле нафтена рафинерија во рускиот град Самара.

Рафинеријата „Кујбишевски“, која се наоѓа на околу 800 километри од украинско-руската граница, се запалила по нападот.

Во Чебоксари, главниот град на руската република Чувашија, украински ракети погодиле истражувачки и производствен комплекс.

Според украинската воена разузнавачка служба, фабриката снабдува делови за руската одбранбена индустрија, вклучително и компоненти за беспилотните летала „Орион“ и ракетите „Искандер“.

Засега нема информации за жртви.

Украина редовно изведува напади врз воена инфраструктура длабоко на руска територија и во окупираните области со цел да ја намали способноста на Москва да ја продолжи војната.

ВИДЕО | Руски генерал загина по експлозија на автомобил-бомба во Москва

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот