фото: скриншот/Икс

ВИДЕО | Напад со нож во Ирска разгоре гнев — луѓе со фантомки на улица, запален автобус, контејнери

На улиците на Белфаст расте тензијата, а демонстрантите, разгневени од синоќешниот напад од судански мигрант, палат автобуси и контенјери. Немирите ескалираа во Северна Ирска откако 30-годишен маж беше обвинет за обид за убиство по напад со нож во Белфаст, објави Би-би-си.

Жртвата на нападот претрпе повреди на очите, грбот и на лицето.

Полицијата објави дека мажот е обвинет за обид за убиство, поседување остри или зашилени предмети на јавно место, како и заканување со убиство. Тој утре треба да се појави на суд во Белфаст.

По повиците за протести преку социјалните медиуми, денеска имаше собири и блокади на патиштата на неколку локации. Во Антрим се собраа повеќе од 100 луѓе, додека во Њутноби, неколку стотици луѓе блокираа делови од улиците.

Протести беа пријавени и во Бангор, каде што патот Белфаст беше затворен откако се собра голема група луѓе.

Во Белфаст, неколку автомобили беа спречени да свртат на автопатот М2 откако луѓе во темна облека застанаа пред возилата и го запреа сообраќајот, објави Би-би-си.

Ситуацијата потоа ескалираше северно од Белфаст, каде што група од најмалку 100 маскирани мажи почнаа да фрлаат камења кон куќа. На терен има полициски возила.

Најсериозниот инцидент е регистриран во област на периферијата на центарот на Белфаст, каде што се собрале повеќе од 100 луѓе. Контејнери за ѓубре беа запалени на средината од патот, а автобус што застанал на таа локација, исто така, се запалил. Според извештаите од теренот, се слушнале две експлозии.

Меѓу демонстрантите имало многу млади луѓе, а некои биле маскирани или носеле фантомки. Поединци мавтале со факели.

Порано денеска, властите ги повикаа граѓаните да ја смират ситуацијата.

Началникот на полицијата изјави дека на правдата треба да ѝ се дозволи да си го прави својот тек и најави зголемено полициско присуство на улиците.

ВИДЕО | Младите Белгијци пак протестираа по улиците на Брисел — полицијата ги растеруваше со солзавец и со водени топови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот