ФОТО: EPA/OLIVIER MATTHYS

ВИДЕО | Младите Белгијци пак протестираа по улиците на Брисел — полицијата ги растеруваше со солзавец и со водени топови

Нови младински протести се случија вчера попладнето низ Брисел, кои повторно прераснаа во судири со полицијата, јави агенцијата Анадолу.

Полицијата интервенирала откако дел од демонстрантите почнале да оштетуваат корпи за отпадоци и електрични тротинети, како и да фрлаат камења и пиротехнички средства.

Протестот е организиран како реакција на полициското насилство за време на демонстрациите минатата недела против најавените кратења во образовниот сектор.

ВИДЕО | Судири меѓу демонстранти и полиција на протест во Брисел, службите фрлаа и солзавец

Во текот на протестите, кои траат веќе втора недела по ред, полицијата повторно употреби солзавец и водени топови, а според извештаите на терен биле забележани и полицајци кои користеле палки против демонстрантите. Властите најавија истрага за инцидентите.

Незадоволството е предизвикано од обемниот пакет мерки за штедење што го подготвува владата на француската заедница во Белгија. Меѓу мерките се зголемување на наставниот фонд за професорите во повисоките одделенија на средните училишта и можност за воведување повисоки школарини.

Владата планира да ги зголеми годишните школарини за високо образование од 835 на 1.194 евра за поголемиот дел од студентите, што претставува зголемување од 35 отсто. Властите ова го оправдуваат како дел од мерките за намалување на трошоците и приближување на таксите до оние во фламанските универзитети.

На вчерашните протести им се приклучија и наставници, како и претставници на организации од граѓанското општество.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот