Македонскиот каратист Вукашин Јовановиќ е светски универзитетски првак
Вукашин Јовановиќ донесе злато за Македонија на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во карате во Бразилија, Бразил.
Препорачано
Во категоријата -67 кг., нашиот натпреварувач во борбата за златниот медал триумфираше против Белгиецот Амин Абделмалки со резултат 2:2 (3:2) по судиско изјаснување.
Претходно во групата А запиша победи над Мартин Густаво Асерето Коротеа од Чиле, Сирапат Чумвонг од Тајланд и Хосеиф Вафа од Иран. Сите резултати од натпреварувањето можете да ги погледнете ТУКА
Јовановиќ во четвртфиналето со 8:0 го совлада Заморан Кабељо Шоте, а во полуфиналето со 8:4 триумфираше повторно над Иранецот Вафа.
Ова беше четврти медал за нашата земја на Светското универзитеско првенство, претходно Стефан Стојановиќ дојде до бронзата во категоријата над 84 кг., потоа машката кумите репрезентација се закити со среброто, а бронза има женската кумите репрезентација.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
33мин
-
47мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


