Фото: Тениска федерација Молдавија

Македонските тенисери го запишаа вториот триумф во Третата европска група

Најдобрите македонски тенисери успеаја во третото коло од Третата европска група да остварат победа над Грузија со 2:0 и на тој начин да го освојат второто место во групата и во сабота во дуел со Црна Гора ќе се борат за промоција (враќање) во Втората светска група од Дејвис купот.

Лошото време и дождот направи многу проблеми на организаторите, па не беше реализирана целата програма – мечот во двојки не се одигра, откако нашите тенисери ги добија сингл мечевите.

Во првиот меч Калин Ивановски го совлада Александре Бакши со 2:0 во сетови (7:5, 6:2), за потоа Олег Приходко со пресврт да стигне до победа во мечот со Саба Пурцаладзе со 6: 7 (4), 6:1, 6:3). Од причина што имаше долг прекин поради дождот и победникот беше решен, мечот во двојки не се одигра.

Резултати на мечевите од третото коло: Македонија – Грузија 2:0, Молдавија – Косово 3:0 (Б група); Летонија – Република Ирска 2:0, Црна Гора – Азербејџан 2:0.

Табела А група: Летонија 3/0 (победи-порази), Црна Гора 2/1, Република Ирска 1/2, Азербејџан 0/3.

Табела Б група: Молдавија 3/0, Македонија 2/1, Грузија 1/2, Косово 0/3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот