Оземпик / Фото: Jaap Arriens / Zuma Press / Profimedia

ВИДЕО | Како оземпик делува во телото — еден детаљ на многумина им го уништи апетитот

Лековите за слабеење се сè попопуларни, но многумина не разбираат целосно како тие делуваат на организмот. Детално објаснување сега понуди јутјуберот Зак Д Филмс, познат по креирање визуелно експлицитни симулации, кој во ново видео покажа што точно се случува во телото по земање лекови како оземпик, пишува „ЛАДбајбл“.

Како функционираат лековите за слабеење

Симулацијата ги прикажува внатрешните процеси што се активираат кога лек од групата GLP-1, како што е оземпик, влегува во крвотокот. Според објаснувањето во видеото, овие лекови го таргетираат делот од мозокот што го контролира апетитот, потиснувајќи го и истовремено балансирајќи го инсулинот и шеќерот во крвта.

„Кога оземпик ќе влезе во крвотокот, ги активира деловите од мозокот задолжени за чувството на ситост, со што се намалува апетитот. Исто така, го стабилизира шеќерот во крвта и на тој начин ги запира ненадејните напади на глад. Потоа го забавува празнењето на желудникот, поради што чувството на ситост по оброкот трае подолго. Тоа доведува до губење на тежината бидејќи внесувате помалкуа храна“, се наведува во видеото.

Графички приказ на несакани ефекти

Видеото, исто така, предупредува на можни негативни последици.

„Меѓутоа, кај некои луѓе може да предизвика гадење, па дури и дијареја“, се истакнува во симулацијата, која авторот на видеото ја придружува со графичка сцена на маж кој трча кон тоалетот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zack D. Films (@zackdfilms)

Токму тој експлицитен приказ предизвикал силни реакции кај гледачите.

„Искрено, гледањето на анимацијата на Зак ми го убива апетитот повеќе од оземпик“, е еден од коментарите. Друг корисник забележал: „Човек трча додека дијареја тече од него“. Трет напишал: „Зак, јадам чоколадо во моментов, а тој последен дел ми ја уништи желбата. Ти благодарам што дејствуваш подобро од оземпик.“

Предупредување за другите лекови

Во статијата се споменуваат и други лекови за слабеење, како што е ретатрутид, кој во моментот е во фаза на клинички испитувања. Познат по прекарите „вежбање во инјекцијата“, „троен Г“ или „Годзила“, овој лек е насочен кон три различни хормонски рецептори за да го потисне апетитот и да го поттикне согорувањето на мастите. Меѓутоа, се наведува случај на жена која претрпела сериозни несакани ефекти од земањето на овој лек.

Сè попопуларен, но не и без ризици

Иако за oземпикot сè повеќе се зборува како за лек за слабеење, важно е да се нагласи дека првично не бил наменет за брзо губење на килограмите од естетски причини. Оземпик е лек кој се препишува на возрасни луѓе со дијабетес тип 2, заедно со исхраната и вежбањето, за подобрување на контролата на шеќерот во крвта.

Од друга страна, лекови како вегови, кои исто така содржат семаглутид, се одобрени за долгорочно управување со тежината кај луѓе кои се дебели или имаат прекумерна тежина со придружни здравствени проблеми.

Токму затоа лекарите предупредуваат дека ваквите лекови не смеат да се гледаат како едноставно решение за слабеење, туку како медицинска терапија што се користи под стручен надзор. Зголемената популарност на оземпик и слични лекови покажува колку е голем интересот за брзи резултати, но и колку е важно да се разбере за што, всушност, се наменети овие лекови, како делуваат и кои ризици можат да ги носат.

ВИДЕО | „Корејскиот оземпик“ ги залуди сите — како се подготвуваат јајцата ГЛП за слабеење?

Нова опасна причина зошто луѓето земаат „оземпик“, а нема врска со слабеењето и дијабетесот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот