Три симптоми на дијабетес што се појавуваат веднаш штом ќе се разбудите
Три забележливи знаци на дијабетес можат да се појават веднаш по будењето, а многумина ги игнорираат бидејќи симптомите не мора да предизвикаат чувство на болест, предупредува фармацевтот Абас Канани. Поради тоа голем број луѓе не се ниту свесни дека имаат дијабетес.
Препорачано
Канани за британски „Експрес“ издвоил три физички симптоми што можат да укажуваат на дијабетес тип 2, а најизразени се токму наутро.
„Може да забележите зголемена жед, глад или чувство дека мора често да мокрите“, објаснил тој.
Прекумерната жед, стручно наречена полидипсија, е еден од првите симптоми на дијабетес. Иако повремената жед е нормална, постојаната или невообичаено силната жед – дури и по пиење течности – може да биде предупредувачки знак.
Друг показател е полифагијата, односно прекумерната глад. Кај дијабетес тип 2, телото отежнато ја користи енергијата од храната, што може да доведе до постојано и интензивно чувство на глад.
Третиот симптом што го истакнува фармацевтот е полиурија, односно потребата за мокрење почесто од вообичаеното.
Други симптоми на кои треба да се обрне внимание
Британската Национална здравствена служба (НХС) наведува и други вообичаени симптоми на дијабетес тип 2 како замор, ненамерно губење на тежината, заматен вид и бавно заздравување на исекотини или рани.
Може да се појави и чешање во гениталната регија или чести габични инфекции.
Овие симптоми се исти кај возрасните и децата, а дури и кога се појавуваат, можат да се развиваат постепено.
Кога да посетите лекар и зошто појадокот е важен
НХС препорачува што побрзо да се обратите кај вашиот матичен лекар ако забележите какав било симптом што би можел да укажува на дијабетес. Едноставен тест на крвта може да ја потврди или исклучи оваа состојба.
За луѓето со веќе дијагностициран дијабетес, Канани ја нагласува важноста на појадокот за одржување на нивото на шеќер во крвта под контрола.
„Нивото на шеќер во крвта е природно повисоко кога ќе се разбудиме и генерално се препорачува да појадувате во рок од еден до еден и пол час по будењето“, советува тој.
Симптом што укажува на ризик од дијабетес, а може да се забележи наутро
Експерти посочуваат — утринска навика број 1 за намалување на шеќерот во крвта


