Шакира на отворањето на Светското првенство во фудбал / 11 јуни 2026 / Фото: EPA

ВИДЕО | Шакира со спектакуларен настап го отвори Светското првенство

Колумбиската музичка ѕвезда Шакира приреди вистински спектакл на свеченото отворање на Светското првенство 2026 во САД, изведувајќи ја премиерно песната „Dai Dai“, која е официјалната химна на мундијалот.

По енергичниот настап на Џеј Балвин, вниманието на преполниот стадион целосно го привлече Шакира, која ја отвори изведбата со воведните стихови и своите препознатливи танцови движења. Набргу потоа на сцената ѝ се придружи нигериската музичка ѕвезда Бурна Бој, а нивниот заеднички настап беше поздравен со воодушевување од публиката.

Во текот на изведбата, Шакира и нејзината танчерска група презентираа впечатлива кореографија, додека Бурна Бој настапи со сопствен ансамбл. Кулминацијата дојде на самиот крај, кога двајцата уметници повторно се обединија на сцената и заедно ја испеаја пораката: „Dale, allez, let’s go!“.

Официјална химна на мундијалот

Песната „Dai Dai“ е официјална химна на Светското првенство 2026, a е поврзана и со поддршката на глобалниот образовен фонд на ФИФА.

Насловот на песната потекнува од италијански израз што во слободен превод значи „Ајде!“ или „Напред!“. Зборот често се користи како повик за охрабрување, но и како израз на славење, што совршено ја доловува атмосферата на фудбалските натпревари и емоциите што ги обединуваат навивачите ширум светот.

Четврти настап на Светско првенство

За Шакира ова е четврто учество во музичката програма на Светските првенства. Нејзината приказна започна во 2006 година на мундијалот во Германија со специјална верзија на хитот „Hips Don’t Lie“, наречена „Bamboo“.

Четири години подоцна ја отпеа легендарната „Waka Waka (This Time for Africa)“, која и денес се смета за една од најпознатите фудбалски химни на сите времиња.

На Светското првенство во Бразил во 2014 година настапи со песната „La La La (Brazil 2014)“, а сега повторно се врати на големата сцена со новата химна „Dai Dai“, која го означи почетокот на уште едно историско Светско првенство.

Шакира и Бурна Бој го отвараат Мундијалот во Мексико, а шоу ќе има и во Торонто и во Лос Анџелес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот