ФОТО | Никогаш нема да ја препознаете — пејачката без прочуената перика изгледа сосема поинаку
Пејачката со моќен глас Сиа (50), позната по тоа што го крие лицето под препознатливата руса перика и преголемата панделка за коса, била забележана на ретко излегување, објавија странските медиуми. Пејачката на хитот „Unstoppable“ е видена како купува на локалниот пазар во Лос Анџелес во неделата.
Препорачано

Сиа е повеќе од пејачка, таа е сценска уметница која ја краси и стас и глас, а луѓето ширум светот ја обожаваат поради нејзините необични костими и перики што секогаш ги користи за да го покрие своето вистинско лице. Нејзиното лице сега било целосно откриено додека го разгледувала пазарот на отворено носејќи голем мантил преку бела маица. Сиа била со својот двегодишен син Самерсолт Вондер.
Фотографиите предизвикаа вчудоневиденост, бидејќи, Сиа под светлата на рефлекторите и Сиа надвор од сцената не е истата личност. Таа не е истата личност без перика и импресивна шминка.

Сиа е позната по тоа што го држи својот приватен живот подалеку од љубопитниот свет, а јавноста беше изненадена кога стана мајка пред две години.
Потоа беше откриено дека таа тајно се развела од својот сопруг, Ден Бернард, и дека во официјалните документи навела „непомирливи разлики“ како причина за разводот. Поранешните сопружници набрзо се најдоа во жестока битка за старателство, за време на која Бернард побара целосно старателство над нивниот син Сомерсолт.

Според судските документи во кои увид имал „Пејџ сикс“, Бернард, кој е онколог по професија, тврдел дека е „единствениот безбеден и сигурен родител“. Тој ја нарекол Сиа „сериозна и непосредна опасност“ за нивното дете.
„Сиа е несоодветен и несигурен родител која се бори со проблеми со зависноста, што ја прави неспособна да пружи безбедна и стабилна грижа за Сами“, се наведува во наводите на Бернард во судските записи.
Судијата на крајот го отфрли барањето на Бернард за целосно старателство и им нареди да се придржуваат до претходно договорената спогодба за старателство.
Сиа има уште два сина, кои ги посвои во 2019 години, непосредно пред да излезат од системот на згрижувачко семејство.
ФОТО | Сакав да се убијам, им се вратив на пороците: Славната пејачка шокираше


