ФОТО | Сакав да се убијам, им се вратив на пороците: Славната пејачка шокираше
Австралиската пејачка и текстописец Сиа признала дека размислувала за самоубиство откако добила многу критики поради филмот „Музика“ кој го објави минатата година.
View this post on Instagram
По излегувањето на нејзиниот прв филм „Музика“, била на удар на многу критики, со кои австралиската кантавторка Сиа не можеше да се справи. Признала дека сакала да се самоубие, како и дека им се вратила на пороците.
– Сакав да се убијам. Се вратив на пороците, а потоа отидов на рехабилитација – изјавила Сиа во интервју за „Њујорк тајмс“.
View this post on Instagram
Јавноста ја осуди бидејќи ја ангажирала својата долгогодишна соработничка Меди Зиглер да глуми дете со аутизам. Таа не страда од оваа болест во реалниот живот.
„Се обидов да работам со девојче со аутизам и снимањето беше стресно. Затоа одлучив да ја изберам Меди“, рекла Сиа. Во филмот глуми и холивудската актерка Кејт Хадсон.
View this post on Instagram
Пред неколку години Сиа отворено зборуваше за борбата против зависноста. Во интервју за „Билборд“ во 2013 година, пејачката раскажала дека порано била зависна од разни лекови, но и од алкохол. Во септември 2018 година објави дека е „чиста“ осум години.