„Добивав од 50 до 100 евра по лице“ — продолжи судењето на Тони Цетински, медицинската сестра не знае дали го вакцинирала
Хрватскиот пејач Тони Цетински беше под истрага за наводно купување лажни сертификати за вакцинација против ковид-19.
Препорачано
Пејачот тогаш тврдеше дека никогаш не ја купил таа потврда, како и дека не ја ни сакал, а на судењето беше повикана медицинската сестра Петра Румиха, која, според сопственото признание, во 2021 година, во текот на пандемијата, лажно вакцинирала најмалку 242 лица против ковид, при што примила околу 22.000 евра.
Петра Румиха денеска била повикана како сведок на судењето на Тони Цетински и на уште четворица обвинети во т.н. „афера на потврди за ковид“. Во март 2024 година, Румиха постигнала спогодба со УСКОК и била осудена на делумно условна казна од 2,5 години затвор, од кои една година морала да помине зад решетки, додека остатокот бил условно со тоа што во следните пет години да не стори ново кривично дело.
– Работев како медицинска сестра во Домот на здравје Пречко, а тоа беше голема клиника со многу пациенти. Извршував и вакцинирање во текот на пандемијата на ковид, па вакцинирав на Саемот и во училиштето, меѓу другото – рекла таа на судењето и додала:
– Имав овластување да внесувам податоци за вакцинирани лица во регистарот, а знаев и како да внесувам подароци за луѓето што не сум ги вакцинирала, а за тоа добивав пари од 50 до 100 евра по личност. Поради тоа на крајот бев обвинета и си го уништив себеси животот“, пишува хрватски „Јутарњи“.
Но, покрај неа, УСКОК ги обвини и споменатите 242 лица за поткуп, вклучувајќи го и Цетински, но и голем број повеќе или помалку познати јавни личности како што се телевизиски водители, оперски пејачи итн. Од 243 лица првично обвинети, речиси сите се спогодија, додека Цетински и уште четворица обвинети остануваат последни кои ја негираат вината.
„Никогаш не сум го запознал Тони Цетински. Го познавам само од медиумите како пејач. Ниту еден од овие обвинети не беше мој пациент. Можно е всушност да сум го вакцинирала Цетински на Саемот, не знам“, одговорила Румиха на прашањата на адвокатот на Цетински, кој денеска не бил на судењето.
Му се заканува затворска казна од 8 години: Поднесено обвинение против Тони Цетински


