Фото: Промо

ВИДЕО | „Ме расплака и ме врати во живот“: Тамара ја објави најличната песна во кариерата

Со новата песна „Кукла жива“, Тамара Тодевска најавува нова музичка етапа и го претставува истоимениот албум што наскоро ќе биде достапен за публиката.

Синглот е создаден од Тамара Тодевска и Коста Петров, кои се автори на музиката и текстот, додека за продукцијата е заслужен Емин Џијан. Видеоспотот го режираше Мартин Трајановски во соработка со „Takat Studios“.

Новата композиција произлегува од личните искуства на пејачката и ги обработува темите на јавната изложеност, критиките, предрасудите и стремежот човек да остане доследен на себе и покрај општествените притисоци. Истовремено, песната е посветена на сите оние кои некогаш почувствувале потреба да се вклопат во туѓи очекувања наместо да го следат сопствениот пат.

„Кукла жива е песна на мојот живот. Истовремено е моќна и автентична, силна и суптилна. Но ова не е само мојата приказна. Верувам дека во неа ќе се препознаат многу девојки, жени, па и мажи кои се соочуваат со наметнати стандарди за успех и прифатливост. Песната ме расплака, ме врати во живот и ми го покажа патот кон една нова ера“, вели Тамара Тодевска.

За албумот биле создадени повеќе од 30 песни, а во конечната селекција се нашле десет композиции. Според Коста Петров, токму „Кукла жива“ најверно ја отсликува суштината на проектот.

„Ако треба да одберам една песна што најдобро ја опишува Тамара како уметник, жена и човек, тогаш тоа е ‘Кукла жива’. Од сите создадени песни, токму оваа најсилно ја носи суштината на албумот и неговата порака“, вели Петров.

Песната веќе е објавена на официјалниот јутјуб-канал на Тамара Тодевска, а наскоро ќе биде достапна и на останатите дигитални музички сервиси.

„Кукла жива“ е насловната песна од новиот албум, кој содржи десет композиции и воедно претставува прв визуелен албум реализиран во Македонија. Во периодот што следува ќе бидат претставени и останатите песни од проектот.

Албумот ќе биде официјално промовиран на 3 октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, каде Тамара ќе одржи голем концерт придружувана од оркестарот на Емин Џијан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот