ФОТО | Тајзи ќе стане татко: „Господ нè благослови со најубавиот подарок“
Македонскиот рапер Драган Величковски, попознат како Тајзи, сподели радосна вест со своите следбеници – тој и неговата свршеница Ангела Анчевска наскоро ќе станат родители.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Среќната вест музичарот ја објави на социјалните мрежи преку емотивни фотографии направени во Охрид. На нив двојката позира прегрната, држејќи снимка од ехо-преглед и бебешки чорапчиња со натпис „mum“ и „dad“ (во превод: мама и тато“.
„Господ нè благослови со најубавиот подарок. Наскоро ќе станеме родители“, напиша Тајзи во описот на објавата.


Оваа објава доаѓа само три месеци откако Тајзи ја запроси својата сакана на Денот на вљубените. Раперот организираше романтичен предлог за брак во Охрид, а моментот го сподели со јавноста преку фотографии на Инстаграм.
„Знаев дека си ти. Секогаш ти. Две души, една иднина…“, напиша тогаш тој.
Ангела Анчевска е позната и во македонските модни кругови како модел. Таа има настапувано на бројни домашни модни ревии, а учествувала и на избори за убавина во странство.
ФОТО | Тајзи ја запроси својата девојка на Денот на вљубените: Љубовна бајка под отворено небо


