Тајзи - Фото: Инстаграм

ФОТО | Тајзи ја запроси својата девојка на Денот на вљубените: Љубовна бајка под отворено небо

Македонскиот музичар Тајзи ја изненади јавноста со емотивна објава на социјалните мрежи, откривајќи дека ја запросил својата девојка. Во серија фотографии кои ги сподели на Инстаграм, раперот и неговата избраничка изгледаат повеќе од среќни и вљубени. Тој го избрал Денот на вљубените за да клекне пред својата сакана со свршенички прстен, додека таа видно возбудена го прифатила овој важен чекор во нивната љубовна приказна.

Тајзи – Фото: Инстаграм
Тајзи – Фото: Инстаграм
Тајзи – Фото: Инстаграм

Во описот на објавата стои пораката: „Знаев дека си ти. Секогаш ти. Две души, една иднина…“ (I knew it was you. Always you. Two souls, one future…), со што музичарот уште еднаш ја потенцираше својата љубов и посветеност кон својата девојка со која сака да ја сподели својата иднина. Следбениците веднаш ја преплавија објавата со честитки и пораки со поддршка.

Тајзи, чие вистинско име е Драган Величковски, е препознатливо име на домашната музичка сцена, познат по повеќе хитови и авторски проекти, како и по емотивните пораки што често ги пренесува преку својата музика.

Со овој романтичен гест, музичарот очигледно започнува нова животна етапа, но овојпат не на сцената, туку во љубовта.

Тајзи – Фото: Инстаграм
Тајзи – Фото: Инстаграм
Тајзи – Фото: Инстаграм
Тајзи – Фото: Инстаграм
Тајзи – Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот