Школки на песок - фото: pexels-ela-jochim

Пред да спакувате школки или песок за дома, проверете ги правилата — казните за овие „сувенири“ достигнуваат и до 150.000 евра

Магнети, разгледници или локални слатки најчесто се безбедни сувенири од патувањето, но постојат и предмети што можат скапо да ве чинат. Наместо убав спомен од одморот, на граница може да ве дочека висока парична казна, која во некои земји достигнува и до 150.000 евра, пренесува „Телеграф“.

Експертите за патувања предупредуваат дека многу туристи, без да бидат свесни, од летувалиштата носат предмети чиј извоз е забранет или строго ограничен.

Најчесто станува збор за школки, корали, морски полжави, песок, камења, заштитени растенија или сувенири изработени од загрозени растителни и животински видови. Трговијата и пренесувањето на вакви предмети се регулирани со меѓународната Конвенција за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна.

Кои сувенири се под посебна заштита?

Во Хрватска е забрането изнесување на одредени заштитени школки и морски полжави, додека непреработени тартуфи може да се изнесат само со соодветна дозвола.

Во Италија е забрането земање песок и школки од плажите, а на Сардинија казните за прекршителите можат да достигнат и до 3.000 евра.

Франција има уште построги правила. Освен песокот, школките и камењата, под посебна заштита се и одредени крајбрежни и планински растенија. Во најтешките случаи, прекршувањето на прописите може да резултира со казна до 150.000 евра, како и дополнителни санкции.

Проверете пред да купите сувенир

Експертите советуваат пред купување необичен сувенир да проверите дали неговото изнесување од земјата е дозволено.

Она што ви изгледа како безначаен спомен од плажа, на граничниот премин може да се смета за прекршување на прописите за заштита на природата или за нелегална трговија со загрозени видови.

Што не треба да носите од летување без претходна проверка?

– заштитени школки и морски полжави;

– корали и предмети изработени од корали;

– песок и камења од плажи каде што нивното собирање е забрането;

– заштитени растенија и нивни делови;

– сувенири направени од загрозени растителни и животински видови;

– одредени прехранбени производи за кои е потребна посебна дозвола.

Ако летувате во Грција, заборавете на гирото — лекар предупредува зошто не смеете да го јадете на плажа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот