Ако летувате во Грција, заборавете на гирото — лекар предупредува зошто не смеете да го јадете на плажа
Ако годинава летувате во Грција, бидете внимателни, бидејќи вашиот одмор лесно може да се претвори во кошмар. Проблеми со стомакот, дијареја и повраќање демнат таму каде што најмалку ги очекуваме.
Препорачано
Докторката по општа пракса Ана Јеремиќ објаснува дека дијареја (пролив) може да добиете дури и од обична вода во шише, ако стоела на сонце. Сепак, најголемиот ризик доаѓа од брзата храна од баровите на плажата.
Во гостувањето на Прва телевизија, гастроентерологот проф. д-р Војислав Перишиќ изнел сериозно предупредување за туристите. Многумина свесно паѓаат во опасна стапица бидејќи сакаат да останат на плажа што е можно подолго.
Купувањето храна и пијалаци на уличните тезги носи огромен ризик, бидејќи таму ве чека храна што може да доведе до труење. Бактериите на горештините се размножуваат многу брзо, а особено треба да се внимава со едно омилено јадење за многумина – грчкото гиро, пренесува „Еспресо.рс“.
Зошто да не јадете гиро на плажа?
На прашањето кои намирници мора да ги избегнуваме во текот на жешките денови, д-р Војислав Перишиќ дал одговор за сите љубители на традиционалното грчко гиро.
„Избегнувајте месо на одмор, дури и во Грција. Кога го јадете набрзина, тоа стои надвор. Малку се загрева, малку се лади и на него секогаш остануваат бактерии кои продолжуваат диво да се размножуваат“, нагласил професорот Перишиќ.
Од ова произлегува јасен заклучок – ако сакате мирен стомак, заборавете на месото од уличните тезги додека сте на море. Месните преработени производи што стојат со часови на топлиот воздух, веднаш до жешката скара, се класична храна што може да доведе до труење со сериозни последици што можат да ви го уништат одморот.
Што препорачуваат лекарите да јадете на жешкиот песок?
Наместо мрсно и ризично месо на плажа, гастроентерологот ги препорачува свежото овошје и зеленчук. Сепак, и тука постои еден клучен услов, за да не завршите од плажа директно во локалната амбуланта.
„Слободно јадете свежо овошје и зеленчук, но прво темелно измијте ги со млаз вода“, советува д-р Перишиќ.
Исто така, тој се осврнал и на индустриските слатки и грицки, кои туристите, особено родителите со деца, масовно ги носат на плажа под изговор дека децата „бараат нешто благо“.
Заборавете на купувањето на овие производи од тезгите покрај морето. Професорот Перишиќ открил едноставен трик за тоа како да препознаете производи што се штетни за здравјето. Според него, тајната се крие во рокот на истекување означен на задната страна од пакувањето.
„На пример, чоколадото што сте го јаделе. Ако чоколадото опстанува толку долго и има предолг рок на траење, тоа значи само едно – полно е со опасна хемија. Земете темно чоколадо, квалитетно, па него грицкајте го“, рекол д-р Перишиќ.
За да останете здрави на одмор, следете ги советите на експертите. Изберете проверена храна, добро мијте го овошјето и држете се подалеку од улично месо кое со часови стои на сонце.
Мелено месо, сладолед, јајца… Внимавајте летово на труење со храна


