Венко Филипче, СДСМ Конгрес / Фото: Слободен печат - Методи Здравев

Членовите кои бараат реформи во СДСМ да водат дебата во партијата, а не надвор од неа, бара Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) вечерва во гостување на „Сител“ повтори дека опозициската партија не планира да ги исклучува од своите редови луѓето кои деновиве се обединија во нова платформа за реформи на партијата. Тој ги повика одметнатите членови и поранешни функционери таа дебата да ја водат внатре во партијата.

Филипче оцени дека платформата „Дванаесет и пет“ „најмногу потсетува на моделот на ЗНАМ“ бидејќи се прави надвор од партијата, наместо дебатата да се води во нејзините рамки.

Филипче вели дека секоја искрена намера за придонес кон СДСМ треба да се реализира во рамките на партијата, каде што вратите се отворени за разговор, дебата и вклучување во процесите. Според него, кога активностите се водат надвор од партиските структури, наместо обединување, се создава фрагментација и немир кај членството.

„Ова што се прави сега најмногу потсетува на ЗНАМ, затоа што се прави надвор од рамките на партијата. Ако е искрена намерата, треба да се даде придонес во рамките на партијата“, рече Филипче.

Тој рече дека на сите што се појавија на настанот на новата платформа им била понудена можност да бидат дел од партиските процеси.

„Сите тие се поканети во партијата, разговарано е со нив, понудено им е да бидат дел од процесите, дури и од органите и телата на партијата“, рече Филипче.

„Зошто се создава немир кај членството кога сега веќе има консолидација и работата почнува да оди добро и постепено, и постепено рејтингот почнува да се зголемува. Ако е потребно единство, како што и тие велат, зошто прават работи кои водат кон фрагментација? Зошто не доаѓаат во партијата, во која вратите се отворени? И тие тоа многу добро го знаат, затоа што им е таму местото“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Жерновски ќе биде врската на СДСМ со светот, партијата oбјави и други кадровски освежувања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот