Еди Рама / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Рама се правда за четирите милиони државни евра платени за Канје Вест — тоа било „инвестиција“

Според оценките на албанскиот премиер, се очекува концертот на контроверзниот рапер да ѝ донесе на државата „најмалку 100 милиони евра“

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека четирите милиони евра кои државата Албанија ги платила за концертот на контроверзниот американски рапер Канје Вест биле „вложување“, јавува „Ројтерс“. Настапи на Вест закажани за летово беа забранети во неколку европски земји, откако тој го величаше нацизмот и Адолф Хитлер.

Концертот на контроверзниот Вест ќе се одржи во сабота во близина на Тирана. Рама вели дека астрономската сума била исплатена како „инвестиција“ и за да се избегне срамот за Албанија доколку концертот се откаже.

„Во последен момент издвоивме четири милиони евра за да избегнеме срамота за Албанија пред очите на речиси 25.000 странски посетители од 80 земји, кои веќе купија билети за да го видат Вест, додека многумина стравуваат дека настапот би можел да биде откажан“, рече Рама.

Тој оцени дека се очекува концертот да ѝ донесе на Албанија „најмалку 100 милиони евра“.

Рама повеќе од еден месец се соочува со жестоки антивладини протести, откако премиерот ги форсираше плановите на Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, да изгради луксузно одморалиште во заштитени зони на албанскиот брег.

Демонстрантите протестираат и против други проекти во близина на заштитени подрачја и бараат оставка од Рама поради корупција.

Италија ги забрани концертите на Канје Вест и Тревис Скот поради безбедносни причини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот