Фото: EPA/DANIEL HAMBURY

Фери испиша историја на Вимблдон — Британецот како 114 играч на светот ќе игра во полуфиналето

Британскиот тенисер Артур Фери успеа да стигне до полуфиналето на Вимблдон и го направи најголемиот резултат во својата кариера.

Фери денеска успеа да го победи Италијанецот Флавио Коболи во четвртфиналето со 3:0 во сетови 6:4, 7:6 (4) и 6:0.

Британецот дојде на Вимблдон како 114 играч во светот, малкумина слушнале за него, освен огромните фанови на овој спорт, но тој успеа да стигне до полуфиналето.

Бајката на Фери растеше од коло во коло, а по победите против Дамир Џумхур, Ото Виртанен и Зизу Бергс, Британците сфатија дека имаат нешто посебно во Фери откако го победи Григор Димитров во осминафиналето.

Тој доби можност да игра пред своите навивачи на Централниот терен по втор пат, ја искористи шансата и ја направи најголемата сензација на турнирот.

Во полуфиналето, Фери ќе игра против третиот светски рекет Александер Зверев. Германецот славеше со 6:4, 6:4 и 6:2 против шестиот носител Тејлор Фриц од САД.

Во второто полуфинале ќе играат првиот носител на грен слем турнирот, Јаник Синер (Италија) и Новак Ѓоковиќ од Србија.

Вимблдон: Костјук ја елиминираше Паолини и закажа полуфинале против Носкова

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот