Фото: Пливачки клуб НЕМО

Миа Додевска освои два медали на меѓународен пливачки митинг во Србија

Членката на пливачкиот клуб НЕМО од Куманово, младата Миа Додевска, имаше успешен настап на меѓународниот пливачки митинг „Младост-Милан Благојевиќ“ кој се одржа во Лучани, Србија. Македонската пливачка настапи во повеќе дисциплини со што успеа да се закити со два сребрени медали.

Во дисциплината 50 метри градно, таа го освои второто место со време од 42,48 секунди.

А во дисциплината 200 метри градно дојде до среброто со време од 3:39.96 минути.

Ова е нејзин вкупно 10 медал за само четири месеци.

Фото: Пливачки клуб НЕМО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот