ВИДЕО | Само еден фудбалер на Бразил се вратил дома по дебаклот на Мундијалот
Елиминацијата на Бразил од Светското првенство продолжува да предизвикува реакции, а сцените по поразот од Норвешка најдобро ја отсликуваат атмосферата во таборот на „кариоките“.
Препорачано
На летот кон Рио де Жанеиро се нашол само еден репрезентативец – искусниот Данило. Останатите фудбалери веднаш по завршувањето на настапот на Мундијалот заминале на претходно планирани одмори на различни дестинации.
Chegada de Danilo, único jogador da Seleção a voltar para o Brasil. Estava tudo montado no Salão Nobre, mas o jogador saiu pelo desembarque internacional e não quis falar com a imprensa. pic.twitter.com/qjfF9t8xvs
— Bruno Murito (@brunomurito) July 8, 2026
Со репрезентацијата не отпатувал ниту селекторот Карло Анчелоти. Италијанскиот стратег останал во Канада со своето семејство, каде ќе направи кратка пауза пред да им се врати на обврските.
И покрај шпекулациите дека по неуспехот на Светското првенство може да биде сменет, Анчелоти добил доверба од Бразилската фудбалска федерација и ќе остане на селекторската функција.
Бразил го заврши настапот на Мундијалот по поразот од Норвешка, а елиминацијата предизвика големо разочарување кај навивачите, кои очекуваа многу повеќе од петкратниот светски шампион.


