Новак Ѓоковиќ/EPA/TOLGA AKMEN

Неверојатниот Ѓоковиќ и во маратон од пет часа го победи Алијасим за полуфинале со Синер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон по исцрпувачката победа над Феликс Оже-Алијасим со 3:2 во сетови (7:6, 3:6, 6:3, 6:7, 7:6) по пет часа и 14 минути игра. Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека и на 39 години може рамноправно да се носи со значително помлади ривали на најголемата тениска сцена, дури и во маратонски натпревари.

Првиот сет донесе голема неизвесност и беше решен дури по долг тај-брејк, кој српскиот ас го доби со 12:10. Во вториот сет четвртиот светски рекет заигра далеку подобро. Оже-Алијасим направи брејк при водство од 4:3, а потоа, иако спаси две брејк-топки, го доби сетот со 6:3 и израмни на 1:1.

Третиот сет исто така беше решен со еден брејк, но овојпат во корист на Ѓоковиќ. Тој ја одзеде предноста на противникот при резултат 3:2 и сигурно го приведе сетот до крај за ново водство. Во четвртиот сет повторно се играше тај-брејк, а овојпат подобар беше Оже-Алијасим, кој ја искористи првата сет-топка при 6:4 и избори решавачки петти сет.

И последниот сет беше решен во тај-брејк, кој на Вимблдон се игра до 10 освоени поени. Ѓоковиќ одигра извонредно, направи два мини-брејка и со убедливи 10:4 обезбеди ново полуфинале на најпрестижниот тениски турнир.

Мечот траеше неверојатни пет часа и 15 минути, а во полуфиналето Ѓоковиќ го очекува најтешкиот предизвик, дуел со светскиот рекет број еден, Јаник Синер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот