Фото/ EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Најголемиот обожавател на Кристијано Роналдо тврди дека тој бил заслужен што Меси го промаши пеналот

Лионел Меси промаши пенал во осминафиналниот натпревар на Аргентина против Египет на Светското првенство 2026, а популарниот јутјубер и можеби најголемиот обожавател на Кристијано Роналдо, „Ај Шоу Спид“ тврди дека токму тој придонел за промашувањето на аргентинската ѕвезда.

Откако Египет поведе во 15. минута, Аргентина доби шанса за брзо израмнување само шест минути подоцна, кога судијата досуди пенал. Сепак, ударот на Меси беше одбранет од египетскиот голман.

„Спид“, кој беше присутен на стадионот, седеше зад голот на Египет во првото полувреме. Непосредно пред изведувањето на пеналот, тој почна да гестикулира и гласно да реагира во обид да му го одвлече вниманието на Меси.

По промашувањето, познатиот интернет-креатор славеше и се пофали дека неговото однесување придонело Меси да не го реализира пеналот. Сепак, нема докази дека неговите реакции навистина влијаеле врз изведувањето на аргентинскиот капитен.

ВИДЕО | Хит сцена: Лукаку по голот за Белгија го имитираше танцот на Трамп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот