ВИДЕО | Египет долго ќе жали, Аргентина со чудесен пресврт до четвртфинале на Мундијалот
Фудбалерите на Аргентина со спектакуларен пресврт против Египет успеаја да слават победа од 3-2 и да се изборат за четвртфинале на Светското првенство.
Препорачано
Аргентнците беа подобар противник во текот на целиот натпревар, но Египет знаеше да ги користи своите шанси и им направи сериозни проблеми на „Гаучосите“. По неколку пропуштени прилики Ибрахим во 15-тата минута ги донесе Египќаните во водство.
Меси седум минути имаше голема шанса да донесе израмнување, меѓутоа не реализираше пенал, вторпат на овој Мундијал. Египет на паузата замина со предност од еден гол, а во 58-та минута одново се тресеше мрежата на Аргентина. Зико погоди, меѓутоа тој гол беше поништен поради прекршок. Сепак, вo 67-та минута Зико повторно погоди и сега тој гол важеше за 2-0.
Аргентина до крајот на неверојатен начин се врати и направи целосен пресврт. Прво Ромеро намали на 2-1, па Меси израмни во 82-тата минута за Енцо Фернандез во втората минута од судиското продолжение да погоди за победа.
Во четвртфиналето Аргентина ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Швајцарија и Колумбија кој се игра вечерва од 22:00 часот.


