Оливер Кан/фото: EPA/RONALD WITTEK

Оливер Кан: ФИФА сега може да го поништи картонот на Балак и да го повтори финалето со Бразил

Одлуката на ФИФА да му дозволи настап на Фоларин Балогун против Белгија и покрај црвениот картон заработен во претходниот натпревар и понатаму предизвикува реакции во фудбалската јавност.

Напаѓачот на САД беше исклучен на дуелот со Босна и Херцеговина по опасниот старт врз Тарик Мухаремовиќ, но Светската фудбалска федерација ја суспендираше казната, па Балогун настапи во осминафиналето.

Контроверзноста дополнително се зголеми откако американскиот претседател Доналд Трамп призна дека разговарал со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, барајќи повторно разгледување на случајот.

Меѓу најгласните критичари на ваквиот потег се најде и легендарниот германски голман Оливер Кан, кој преку социјалните мрежи испрати саркастична порака до ФИФА.

„Кога веќе почнавме да ја препишуваме фудбалската историја, имам еден мал предлог… Би сакал ФИФА ретроактивно да го поништи жолтиот картон што Михаел Балак го доби во полуфиналето на Светското првенство во 2002 година, поради кој не настапи во финалето, а кога сме веќе кај тоа, слободно можете и да го повторите финалето против Бразил“, напиша Кан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oliver Kahn (@oliverkahn)

ФОТО | Ги дочекаа своите пет минути — Белгијците ја исмеаја ФИФА по победата над САД

ВИДЕО | Хит сцена: Лукаку по голот за Белгија го имитираше танцот на Трамп

Балогун ги скара УЕФА и ФИФА

Блатер удри по ФИФА за случајот Балогун: „Фудбалот не смее да стане игралиште за политичка моќ“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот