Полицајки апсат демонстрантки на анти-НАТО протест во Анкара, Турција / Фото: Ројтерс / скриншот

ВИДЕО | Демонстранти се кренаа против НАТО во Анкара, полицијата уапси околу 20 луѓе

Турската полиција денеска приведе, според последните информации, 19 учесници на анти-НАТО протестите кои се одржаа во центарот на Анкара и покрај строгите безбедносни мерки и општата забрана за собири за време на самитот на алијансата во турскиот главен град, јавија локалните медиуми.

Како што пишуваат дел од медиумите, шестмина од уапсените се адвокати. На дел од објавените снимки се гледа како полицајци им ставаат лисици на демонстрантите и ги влечат до полициски автобус во близина на паркот „Куртулуш“ во Анкара. Полицијата го блокираше протестот пред да приведе некои од учесниците на седум километри од местото на одржување на самитот.

Протести против НАТО се одржаа во Анкара и пред два дена, кога демонстрантите се судрија со полицијата и имаше уапсени и повредени. Стотици луѓе веќе се уапсени низ целата држава пред самитот на НАТО во вторник и среда. Меѓу нив има новинари, академици и членови на левичарски групи. Низ главниот град се воведени строги безбедносни мерки, а распоредени се повеќе од 56.000 припадници на безбедносните сили, објави државната телевизија ТРТ.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одговарајќи на новинарско прашање за репресивните мерки на Турција против демонстрантите, ја нагласи важноста на правото на протест.

Анкара со директна порака до Трамп: НАТО не е должен да влегува во туѓи војни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот