Фото: Архива на Слободен печат

Ужас во Грција: тинејџер од Албанија силувал девојче, го снимил злоделото

Девојче на 15-годишна возраст пријавило во полицијата во Солун дека ја силувал 14-годишен албански државјанин, кој го снимал грозоморното дело, објави „Нафтемпорики“.

Според соопштението на грчката полиција, малолетничката, исто така државјанка на Албанија, пријавила дека минатиот декември сторителот ја принудил на сексуални односи без нејзина согласност, а притоа наводно и го снимил нападот.

Од домот на осомничениот биле одземени дигитални уреди, кои ќе бидат вештачени во лабораторија од специјализирани службеници на Одделот за криминалистички истраги на Северна Грција, се наведува во соопштението.

Предметот ќе биде доставен до надлежното Јавно обвинителство при Првостепениот суд.

Полицаец-монструм во Грција: Со години си ги силувал ќерките, синот го принудувал на инцест

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот