ФОТО | Славната Дафи ја дрогираа, ја киднапираа и силуваа, а сега настапи првпат по 16 години
Велшката музичарка Дафи, чие вистинско име е Ејми Ен Дафи, настапила првпат по 16 години. Пејачката на глобалниот хит „Mercy“ одржала таен настап во „Хокстон хол“ во Лондон.
Препорачано
View this post on Instagram
Концертот го следела помала публика, а во пресрет на настапот, Дафи била снимена во близина на салата, во која влегла низ задниот влез. Пејачката носела црн фустан, кој го комбинирала со впечатлив црвен кармин. Својата препознатлива руса коса ја носела спуштена.
View this post on Instagram
Покрај тоа што влегла од задниот дел на салата за сопствена безбедност, Дафи го ангажирала и долгогодишниот обезбедувач на музичарот Ноел Галагер, член на култната група „Оезис“.
Секој обожавател што присуствувал на настапот морал да потпише договор за доверливост пред да влезе. Договорот ѝ забранува на публиката да објавува фотографии или видеа од концертот и ги спречува да споделуваат какви било детали за настанот на интернет.
Велшката ѕвезда се прослави преку ноќ во 2008 година, кога ги објави песните „Mercy“ и „Warwick Avenue“, како и албумот „Rockferry“. Истите ѝ донесоа три награди БРИТ, Греми и наградата Ивор Новело. Меѓутоа, во 2010 година Дафи исчезна без трага или глас, а со години обожавателите и целата музичка индустрија се прашуваа каде е и зошто повеќе не се занимава со музика.
Пејачката девет години живееше приватен живот во својот дом во Сари, а потоа во 2020 година објасни зошто исчезнала со што го шокираше светот. Во есеј што го објави на Инстаграм, таа опиша како била дрогирана во ресторан додека го славела 26-тиот роденден во 2010 година. Истиот ден била киднапирана и силувана, држена во заробеништво четири недели пред да биде вратена дома.
Дафи на својот профил на Инстаграм објави текст во кој напиша што се случило, а под постот доби бројни пораки за поддршка за да ги преброди овие тешки моменти.
„Може само да замислите колкупати размислував дали да го напишам ова. Начинот на кој би го напишала и како би се чувствувала после тоа. Не сум сосема сигурна зошто сега е вистинско време и што е тоа што ќе ме „ослободи“ ако разговарам за тоа. Не можам да објаснам. Многу од вас ме прашуваат што се случи со мене, зошто исчезнав“, ја започнала приказната Дафи.
„Новинарот ме контактираше и пронајде начин да дојде до мене. Ова му го реков минатото лето. Вистина е и верувајте ми дека сега сум добра и на сигурно. Бев силувана и дрогирана, ме чуваа во заробеништво со недели. Нормално, преживеав“, напиша пејачката.
„За опоравување требаше време. Нема лесен начин за да се каже тоа. Но, можам да ви кажам дека во последната деценија, илјада и илјада денови во кои посакував да почувствувам топлина во моето срце, сега сјае. Се прашувате зошто не го користев мојот глас за да ја изрзам мојата болка? Не сакав на светот да му ја покажам тагата во моите очи. Се прашував како може да пејам од срце ако е скршено? И полека, сега е цело“, напишала Дафи.
Меѓу другото, таа рекла дека на почетокот не му рекла на никого што се случило, но подоцна ги споделила деталите со психотерапевт кој ѝ помогнал. Исто така, таа не го пријавила случајот веднаш во полиција бидејќи се плашела за својот живот, но потоа ја информирала полицијата за случајот во два наврати.

Пејачката во 2011 година го објави својот последен, втор албум. Нејзина најпозната песна е „Mercy“, која е снимена во 2009 година.
По речиси две децении пауза, Дафи одлучила да се врати на сцената. Пред два месеца, таа откри дека ќе одржи таен настап во Лондон, каде што ќе изведува нови песни. Покрај тоа, најавен е и документарец за музичарката, кој ќе биде објавен на платформата Дизни+, а кој ќе ја раскаже приказната за нејзиниот живот, слава и повлекување од јавноста.
„Ме дрогираа четири недели“: Дафи за првпат ќе зборува за хоророт што ѝ го уништи животот


