Родри и Бернардо Силва Фото: EPA/JEFFREY MCWHORTER

ВИДЕО | Родри заборави на 248-те заеднички натпревари: му се потсмеваше на Бернардо, па се извини

Пласманот на Шпанија во четвртфиналето на Светското првенство донесе голема радост за „црвената фурија“, но и еден момент кој предизвика бројни реакции. По драматичната победа над Португалија од 1:0, во центарот на вниманието се најде Родри, кој јавно му се извини на Бернардо Силва за својата реакција по последната шанса на натпреварот.

Шпанија го обезбеди триумфот во судиското продолжение благодарение на резервистот Микел Мерино, кој го постигна победничкиот гол и ја испрати Португалија дома. Во последните моменти Португалците имаа можност да изборат продолженија, но Бернардо Силва не успеа со удар со глава да ја погоди мрежата.

По промашувањето, Родри бурно ја прослави грешката на својот долгогодишен соиграч од Манчестер Сити. Освојувачот на „Златната топка“ со стегната тупаница славеше непосредно покрај Силва, кој лежеше на тревата разочаран по пропуштената можност.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Единствените македонски известувачи од Мундијалот: Мијалче и Наташа Дургутови

Само неколку моменти подоцна Родри сфати дека претерал и се обиде да му се извини, но Бернардо Силва не ја прифати неговата реакција, по што настана кратка вербална расправија. Поголем инцидент спречија останатите шпански фудбалери кои брзо интервенираа.

По натпреварот, Родри јавно призна дека постапил непромислено.

„Му се извинувам на Бернардо Силва што ја прославив неговата последна грешка на тој начин. Ја признавам грешката“, изјави шпанскиот репрезентативец.

Иако тензиите беа видливи веднаш по последниот свиреж, останува да се види дали долгогодишното пријателство и заедничките седум сезони во Манчестер Сити ќе помогнат брзо да се надмине овој инцидент.

ВИДЕО | Кристијано Роналдо неславно се збогуваше од светските првенства

ФОТО | Авиокомпанија му фати сеир на Роналдо по елиминацијата од Мундијалот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот