Бразил го имаше најлошиот настап на Светско првенство во последните 60 години, но Анчелоти нема да замине
И покрај разочарувачката елиминација од Светското првенство, Карло Анчелоти ќе остане селектор на Бразил. Искусниот италијански стратег ја задржа довербата на Бразилската фудбалска конфедерација, која не планира промени на селекторската позиција.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Бразил беше поразен од Норвешка со 2-1 во осминафиналето, со што го забележа најслабиот настап на Мундијалите уште од 1966 година. Сепак, според информациите на долгорочниот проект со Анчелоти останува непроменет.
По поразот се појавија шпекулации дека Италијанецот би можел да си замине, но самиот тој брзо стави крај на таквите гласини.
„Денес болката е голема, но тоа не ја менува довербата во она што го градиме. Ќе продолжиме да работиме за нашата репрезентација. Секогаш заедно. Секогаш Бразил!“, порача Анчелоти.
Со оваа порака искусниот стратег јасно стави до знаење дека останува посветен на проектот и дека целта е Бразил повторно да се врати во самиот врв на светскиот фудбал.
Последниот танц на Роналдо на Мундијалите заврши со неславна статистика
Роналдо се испофали самиот себе: Португалија пред мене немаше освено трофеј
ВИДЕО | Голем гест: Јамал пред да ја слави победата го тешеше Роналдо


