Jaмал и Роналдо/EPA/SAM WASSON

ВИДЕО | Голем гест: Јамал пред да ја слави победата го тешеше Роналдо

Кристијано Роналдо беше меѓу најпогодените фудбалери на Португалија по елиминацијата од Шпанија во осминафиналето на Светското првенство.

Португалците беа поразени со 0-1, а за 41-годишниот капитен тоа беше последниот натпревар на најголемата фудбалска сцена во дресот на националниот тим.

Роналдо зад себе остави уште еден голем белег со репрезентацијата. На шест различни Мундијали одигра 27 натпревари, на кои постигна 11 гола и запиша две асистенции. По последниот судиски свиреж емоциите го совладаа искусниот напаѓач, кој не можеше да ги задржи солзите по крајот на патувањето на Португалија.

Во тие моменти пристигна убав гест од младата ѕвезда на Шпанија, Ламин Јамал. За фудбалерот на „црвената фурија“ ова беше прво Светско првенство, но токму тој беше меѓу првите што му пријдоа на легендарниот Португалец. Јамал најпрво се поздрави со Роналдо, а потоа го прегрна, а емотивниот момент веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот