Мурат Јакин/Swiss Nati Men FB

Аларм во швајцарскиот табор: Тројца важни фудбалери се неизвесни за осминафиналето со Колумбија

Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин, се соочува со сериозни проблеми пред осминафиналниот натпревар на Светското првенство против Колумбија. Последниот тренинг пред важниот дуел беше прекинат поради загриженост за состојбата на тројца важни фудбалери.

Мензамби, Варгас и Су мораа предвреме да го напуштат теренот, што предизвика вознемиреност во швајцарскиот табор. Фудбалската федерација на Швајцарија засега не открива детали за нивната состојба, најавувајќи дополнителни информации по медицинските прегледи.

Евентуалното отсуство на Мензамби и Варгас би било голем удар за тимот на Јакин, бидејќи двајцата директно учествуваа во пет од деветте гола на Швајцарија на овој Мундијал.

Проблемите за швајцарскиот селектор не завршуваат тука. Лука Жакез и Мишел Ебишер веќе неколку дена тренираат одвоено поради мускулни повреди и речиси сигурно нема да бидат подготвени за натпреварот против Колумбија.

И покрај неизвесноста, Јакин останува смирен и најавува дека тимот нема да го менува својот стил на игра.

Швајцарија и Колумбија ќе го затворат осминафиналето на Светското првенство со натпревар кој започнува вечерва во 22 часот. Победникот од овој дуел во четвртфиналето ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Аргентина и Египет.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Единствените македонски известувачи од Мундијалот: Мијалче и Наташа Дургутови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот