Апасиев му фрли ракавица на Мицкоски за Изборниот законик
Мариела Трајковска
Пред
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ – дијаспората да гласа по пошта – за Левица е прифатлив под услов да важи само за претседателските избори и ако премиерот прифати една изборна единица, изјави лидерот на Левица Димитар Апасиев во интервју за „Слободен печат“.
Опозициската Левица му фрли ракавица на Христијан Мицкоски – го прифаќа неговиот предлог дијаспората да гласа по пошта само за претседателските избори ако премиерот прифати една изборна единица. Лидерот на Левица Димитар Апасиев, во интервју за „Слободен печат“ вели дека оваа понуда ќе ја стават на маса на работната група за Изборниот законик, откако премиерот, наместо електронско гласање, кое опозицијата го отфрли, предложи гласање по пошта.
Сепак, речиси е извесно дека власта и опозицијата нема да постигнат консензус за Изборниот законик, бидејќи опозициските СДСМ и ДУИ се против гласањето по пошта. Власта и опозицијата, наместо приближување на позициите за евентуален консензус за Изборниот законик, ги заострија обвинувањата за фијаското на изборната регулатива, па дури и бараат на увид записници од средбите за јавноста да се увери дали работната група воопшто постигнала некаков консензус. Откако викендов работната група не ги приближи ставовите, според најавите, нова средба се очекува утре, за кога СДСМ и ДУИ ќе треба да ги соопштат позициите за гласањето по пошта.
За СДСМ предлогот е неприфатлив
Од СДСМ велат дека е неприфатлив предлогот на Мицкоски дијаспората да гласа по пошта и дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се откаже од обидите за манипулација и злоупотреби со повеќе од 200.000 гласови од дијаспората.
Богданка Кузеска Фото: партија
– Откако сфати дека не може да го протне шверцерскиот начин за електронско гласање на дијаспората без никаква контрола, сега се обидува со некакво гласање по пошта. И повторно без никаква контрола и гаранција за почитување на слободната волја на граѓаните – нов модел и можност за изборни манипулации и нерегуларности. Не му е важна на Мицкоски реформската агенда, тоа му е само изговор. Важен му е само изборниот грабеж – вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Таа додава дека ВМРО-ДПМНЕ лаже дека СДСМ е против дијаспората да гласа, зашто таа гласа и сега, туку дека се против начин на гласање што не обезбедува сигурност, транспарентност и заштита на изборната волја.
– Предлогот електронското гласање да се замени со гласање по пошта, без Државната изборна комисија да има можност со консензус да ги утврдува правилата и механизмите на контрола, не ја подобрува демократијата во изборниот процес. Тоа создава нови ризици за нерегуларности, злоупотреби и изборни манипулации. Опасно и загрижувачки е тоа што ВМРО-ДПМНЕ категорично одбива ДИК, со консензус, да ги регулира процедурите за гласањето на дијаспората – вели Кузеска.
Против гласањето по пошта се и ДУИ. Од партијата на Али Ахмети за „Слободен печат“ велат дека остануваат на ставот дека треба да се почитува договореното од работната група. ДУИ е против предлозите на СДСМ, бидејќи тие ја бојкотирале работата на работната група, но се против и предлогот на Мицкоски за гласање на дијаспората по пошта.
Работна група за изборен законик Фото: Министерство за правда
– Вака се воспоставува лош преседан. СДСМ беше отсутен од работната група, а сега условуваат со свои барања. Ние се согласивме за електронско гласање, бидејќи тоа беше договорено во работната група. Но предлогот на Мицкоски за гласање по пошта е како сателит предлог, за него немаше ни разговори ни дебата, и за нас тоа е неприфатливо – велат од ДУИ.
ЛДП пак, негира дека воопшто имало консензус за Изборниот законик.
– Најостро реагираме на опасните манипулации кои деновиве се пласираат во јавноста дека текстот за Изборниот законик бил „усогласен“. Презентирањето на очигледни невистини како готови факти е крајно неприфатливо и претставува директен упад во демократијата – вели Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор на ЛДП.
Според него, таквите намерни медиумски манипулации се опасни и можат да предизвикаат сериозни конфликти и поделби во општеството.
Дејанчо Цветановски Фото: Фејсбук
– Повикуваме јавно да се објават сите записници од работната група за измени на Изборниот законик, како и сите поднесени предлози и амандмани. Сè нека се стави на увид на јавноста, па граѓаните сами да видат кој зборува со факти, а кој фабрикува реалност – вели Цветановски.
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека СДСМ и Левица заеднички го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, во кој се вметнати забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, како и барањата на двете политички партии кои со месеци биле усогласувани на работните средби за Изборниот законик.
– Венко Заев и СДС се спротивставуваат на решението македонската дијаспора да гласа во што поголем број. Како ВМРО-ДПМНЕ предложивме тоа да биде по електронски пат или по пошта. Овој предлог беше одбиен од Венко Заев и СДС, затоа што кај нив владее страв за тоа дека граѓаните кои ја напуштија државата во периодот на нивното владеење нема да ја поддржат нивната политика, а со тоа ќе доживеат уште поголем пораз на следните претседателски избори – рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски.
Манасиевски Фото: Партија
Според него, и Левица, иако ѝ бил прифатен предлогот за финансирање на изборната кампања, не го потпишала договорот кој бил усогласен меѓу сите партии, со цел да се претстават пред јавноста како партија со која нема преговори.
– Со ваквата блокада се доведува во прашање исполнувањето на реформските обврски на државата. Токму затоа и Европската Унија повика на консензус и на навремено донесување на Изборниот законик. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Изборниот законик треба да биде донесен со широк политички консензус, во интерес на државата, реформите и обезбедувањето на можност македонската дијаспора да го оствари своето право на глас по електронски пат – вели Манасиевски.
Гаши: Елекронски треба да гласаме и дома
Претседателот на Собранието Африм Гаши на брифинг со новинарите рече дека го поддржува предлогот за електронско гласање само ако се овозможи идентификација на гласачите и тајност на гласањето. Тој потсети дека како претседател на Алтернатива се залагал електронското гласање да биде дел од програмата на Вреди.
Африм гаши Фото: Собрание
– Јас правам сè за да се донесе Изборниот законик. Ако не се донесе, тоа е волја на мнозинството и на сите пратенички групи, знаете дека без консензус не можеме да го донесеме. Јас сум за електронско гласање на дијаспората, сметам дека елекронски треба да гласаме и дома. Треба да се овозможи секој граѓанин кој има право на глас електронски да гласа. Има земји каде таа практика е функционална и има позитивни примери. Ако плаќаме сметки преку банка и сè е електронски, треба и да гласаме електронски – смета Гаши.
Тој додаде дека се консултирал со ИТ- експерти кои го увериле дека може да се обезбеди приватност и безбедност на гласањето. Сепак, тој смета дека за електронско гласање потребна е политичка волја.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Опозициската Левица му фрли ракавица на Христијан Мицкоски – го прифаќа неговиот предлог дијаспората да гласа по пошта само за претседателските избори ако премиерот прифати една изборна единица. Лидерот на Левица Димитар Апасиев, во интервју за „Слободен печат“ вели дека оваа понуда ќе ја стават на маса на работната група за Изборниот законик, откако премиерот, …
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Шакира собира 500.000 долари за децата погодени од разорните земјотреси во Венецуела 2 ВИДЕО | Избран е најубавиот град на светот — веројатно никогаш не би го погодиле 3 Апасиев му фрли ракавица …