ФОТО | Возиња пред Мундијалот барал клуб преку Инстаграм
Голманот на Зеленортските Острови, Возиња, ја има една од најубавите приказни на Светското првенство. Иако на турнирот пристигна без клуб, 40-годишниот чувар на мрежата со своите блескави партии успеа да го привлече вниманието на фудбалската јавност и повторно да го стави своето име на трансфер-пазарот.
Препорачано
Со серија спектакуларни интервенции, особено на натпреварите против Шпанија и Аргентина, Возиња беше меѓу најзаслужните за одличните настапи на својата репрезентација. Неговите одбрани брзо станаа хит на социјалните мрежи, а во меѓувреме стана и најследениот голман на Инстаграм.
ВИДЕО | Мундијалски вести: Халанд ги превесла „кариоките“, Англија го преживеа пеколот на „Ацтека“
Интересно, непосредно пред почетокот на Мундијалот, искусниот голман активно барал нов клуб. За таа цел се обратил до поранешниот фудбалер на Милан, Родни Штрасер, кого преку Инстаграм го замолил да му помогне да пронајде нов ангажман.
Возиња открил дека сака да одигра уште една или две сезони и се надева на понуда од клубови од втората лига во Турција или Италија.
🚨🗣️ Rodney Strasser: “Just a quick story about Vozinha. We’ve been friends for years, and before playing his first game at the World Cup, he asked if I could use my contacts to help him find a club for another year or two because he was 40 and his contract had ended.”
“I told… pic.twitter.com/nQvIORwfvR
— EuroFoot (@eurofootcom) July 6, 2026
Штрасер, пак, му советувал целосно да се фокусира на Светското првенство, уверен дека добрите настапи сами ќе му ги отворат вратите кон нов клуб.
„Му реков да оди на Светското првенство и да го даде максимумот. Тој е премногу добар голман за да бара клуб на тој начин. Верував дека турнирот може да му ја промени кариерата и бев во право“, изјави Штрасер.
Тој додаде дека според него Возиња е најдобриот голман на турнирот и дека неговата приказна е доказ дека никогаш не треба да се губи вербата.
„Лекцијата е едноставна – никогаш не се откажувајте. Верувајте во себе и борете се. Возраста, потеклото или моменталната ситуација не се пресудни. Животот може да ви се промени преку ноќ“, порача Штрасер, кој објави и снимки од нивната преписка како потврда за целата приказна.
Кој е Возиња, херојот на Зеленортски Острови? Ветеран од 40 години блескаше против Шпанија


